Нема промени во здравствената состојба на сите повредени од Кочани

Во домашните медицински установи се лекуваат 15 пациенти

-

Министерството за здравство денеска информираше дека во моментот кај сите 69 пациенти кои се на лекување во странство нема промена во нивната состојба, во споредба со претходните денови. Непроменета е и состојбата на пациентите кои се во критична состојба.

Во домашните медицински установи се лекуваат 15 пациенти, во Хируршката клиника ,,Св Наум Охридски”, шестмина, на Клиниката за пластична хирургија четворица пациенти кои синоќа пристигнаа од странство, на Клиниката за токсикологија има двајца пациенти, од кои еден ноќеска дојден од Шпанија и еден пациент е хоспитализиран на Клиниката за пулмологија. Во приватната болница Систина се лекуваат двајца пациенти.

„Сите пациенти кои се третираат во нашите установи се во стабилна состојба. Министерството за здравство и понатаму внимателно ја следи состојбата на повредените пациенти и останува во постојана комуникација со медицинските тимови во земјава и странство, посветено на обезбедување најдобра можна нега за повредените од несреќата во Кочани“, се вели во соопштението од министерството.

Агенцијата за национална безбедност изврши претрес и одзеде оружје и мобилни уреди во Скопје

Агенцијата за национална безбедност (АНБ), во координација со Министерството за внатрешни работи (МВР), на 19 јули 2025 година спроведе претрес на домови и други простории на две локации во Скопје, по...

Лефков: Бугарски служби шират дезинформации против Мицкоски и Владата

Пратеникот и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, денеска обвини за постоење на „координирана операција за дискредитација“ насочена против Владата, премиерот Христијан Мицкоски и Република Македонија, наводно оркестрирана од...

Забраната за шетање во шуми не е дел од никаква агенда, туку се воведува поради превенирање на пожари

Анализираме објава на социјалната мрежа Фејсбук која вели: Ова мерките на Северна вукојебина за забрана за шетање по планините личи на агендата 2030 а народот овца не се буни. Забраната за шетање во шуми не е ништо...

Институционален молк, политичка калкулација и цената што жените ја плаќаат за учество во јавниот живот

Во  Македонија, од 80 општини, само две ги водат жени: Данела Арсовска во Скопје и Жаклина Јовановска во Старо Нагоричане. Тоа ја прави оваа ситуација уште позначајна. Нападот врз една од...

Агенцијата за национална безбедност изврши претрес и одзеде оружје и мобилни уреди во Скопје

Агенцијата за национална безбедност (АНБ), во координација со Министерството за внатрешни работи (МВР), на 19 јули 2025 година спроведе претрес на домови и други простории на две локации во...