fbpx

Нема позитивни епидемиолози на ковид-19 во Институтот за јавно здравје

-

Текстот „ Двајца епидемиолози од Институт за јавно здравје позитивни на Ковид 19“ уште во насловот дезинформира дека: „двајца епидемиолози од Институтот за јавно здравје се позитивни на корона вирусот“, пишува „КриТинк“. Од Институтот за јавно здравје ги демантираа ваквите тврдења.

Текстот изнесува непроверени информации за наводно заболени епидемиолози, што е непрофесионално, а дополнително ја компромитира и работата на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) чиишто вработени ги вршат епидемиолошките анкети. ИЈЗ ја има една од најважните улоги за справување со коронавирусот и секоја изнесена невистина во врска со работењето, посебно во услови на зголемен број на заболени, може да предизвика паника кај граѓаните.

„Епидемиолошките екипи и натаму ја извршуваат својата работа како и во изминатите два месеца. Ова е официјална информација од Инстутот за јаво здравје потврдена од директотот на институцијата Шабан Мемети и јавноста треба да биде информирана. Официјалните информации за состојбата со ковид-19 се објавуваат на интернет страницата на Институт за јавно здравје и на страницата на Министерство за здравство,“ се вели во демантот на Институт за јавно здравје.

Во текстот понатаму се тврди дека намалениот број на епидемиолози ќе се одрази врз работата на ИЈЗ и дека ќе биде намален бројот на тестирани, што, исто така, е шпекулација. Информацијата за којашто медиумот „неофицијално дознава“, пред да биде објавена требало да биде проверена во институцијата за која се пишува, во случајот – Институтот за јавно здравје.

Со изнесување на непроверени и шпекулативни информации се прекршува првиот член од Кодексот на новинари кој вели дека „новинарот треба да објавува точни, проверени информации“.

Во борбата со корона вирусот една од најважните улоги на медиумите е да пласираат точни и проверени информации, наспроти оние кои може да предизвикаат паника кај граѓаните. Надлежните институции и новинарските здруженија постојано апелираат до медиумите да се повикуваат на официјални информации кои ги даваат Министерство за здравство и Институт за јавно здравје, бидејќи ширењето на шпекулации и дезинформации не е од јавен интерес, посебно во услови на пандемија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...