Нема повредени луѓе и поголеми штети во пожарот што денеска предпладне избувнал во Цементарница „Усје“ АД – Скопје.
Како што соопштија од „Усје“, околу 11.30 часот се случил пожар предизвикан од дефект на електрична инсталација, по што биле повикани пожарникарите.
Пожарот почнале да го гаснат вработени, а по пристигнувањето на пожарникарите, пожарот е ставен под целосна контрола и изгаснат.
Увидот ќе продолжи за финално да се утврдат причините.
