Нема повеќе полициски час, дозволени се и свадби и веселби со повеќе од 100 гости

Фото: Суад Бајрами, Порталб.мк

Полицискиот час што беше на сила во последниве месеци, со различно времетраење, е укинат и движењето на граѓаните од денеска е дозволено 24 часа во денот. До вчера, полицискиот час почнуваше на полноќ, а завршуваше во 4 часот.

Комисијата за заразни болести во понеделникот донесе таква препорака, што ја предложи на Кризниот штаб, кој пак ваквото решение го проследи до Владата, со што се официјализираше укинувањето на една од мерките за заштита од ширењето на корона вирусот.

Покрај укинувањето на полицискиот час, дозволени се и свадби и други прослави со повеќе од 100 гости, а исто така дозволено е организирање настани, концерти и забави во клубовите и локалите само на отворено, со капацитет до максимум 50 отсто од објектот и не повеќе од 1.000 лица.