fbpx

Нема починати пациенти од ковид-19 во изминатото деноноќие

-

Вкупно 163 нови случаи на ковид-19 се регистрирани во изминатото деноноќие, од направени 1.636 тестирања, информираат во Министерството за здравство. Од новозаразените, 52 се во Скопје, 21 во Куманово, 33 во Штип, 17 во Гостивар. По двајца има во Дебар, Велес, Струмица, Пробиштип и во Кочани, во Тетово-4, Струга-7, Битола-5, Кавадарци-4, Демир Хисар и Свети Николе-3, а по еден нов случај е регистриран во Македонски Брод, во Охрид, во Кичево и во Ресен.

Институтот за јавно здравје регистрирал и 69 оздравени пациенти, а за прв пат после долго време нема ниту еден пoчинат пациент.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 9.412, бројката на оздравени пациенти е 4.940, на починати е 432, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4.040.

„На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 6 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 86 пациент. На кислородна поддршка се 34 пациенти, нема пациенти на респираторна машина. Во болницата во Козле се хоспитализирани 17 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 7 позитивни деца, 1 дете и 1 мајка суспектни на вирусот. Во ГОБ „8 Септември“ примени се 10 нови, вкупно хоспитализирани се 92 пациент. На респираторна машина се 7 пациенти. Во болницата во Битола се хоспитализирани 37, а во болницата во Штип се хоспитализирани 51 пациент. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 132 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19“, стои во извештајот на министерството.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ниту едно од поглавјата за преговорите со ЕУ не е отворено

Во својата програма за парламентарните избори во 2020 година, СДСМ вети дека 80 отсто, односно 25 од 33 поглавја за влез во ЕУ, ќе бидат отворени до крајот на нивниот...