Апарат за помош на ковид пациентите при дишење развиен во Медицинскиот центар „Шеба“ во Израел | Фото: IDF Spokesperson's Unit, Wikimedia commons

Во последните 24 часа се направени 2.802 тестирања, а се регистрирани 15 нови случаи на ковид-19, соопшти Министерството за здравство, согласно податоците од Институтот за јавно здравје. Од: Кичево – 5, Скопје – 4, Тетово – 3, Прилеп, Охрид и Делчево по еден нов случај.

Регистрирани се 14 оздравени пациенти од: Скопје – 11, Куманово, Гостивар и Кичево по еден.

Нема нови починати лица.

Според податоците на МЗ по градови, нема ниту еден активен случај на корона вирус во Дојран, Пехчево, Демир Капија, Богданци, Пробиштип, Берово, Ресен, Свети Николе и Кавадарци.

Досега во земјата се направени вкупно 841.125 тестирања на ковид-19, вкупната бројка на дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 155.583, на оздравени пациенти е 149.690, на починати е 5.472, а бројот на активни случаи е 421.