fbpx

Нема најави дека земји од НАТО се подготвуваат за нуклеарни напади врз Русија

Во последно време зачестуваат заканите од Москва за употреба на нуклеарно оружје, а дезинформациската машина на Кремљ на социјалните мрежи се обидува да го обвини НАТО дека „се подготвува за нуклеарни напади внатре во Русија“

-

Во последно време зачестуваат заканите од Москва за употреба на нуклеарно оружје, а дезинформациската машина на Кремљ на социјалните мрежи се обидува да го обвини НАТО дека „се подготвува за нуклеарни напади внатре во Русија“, иако такви најави нема, туку станува збор за закана со цел да се спречи помошта за Украина која пристигнува од НАТО земјите, пишува Вистиномер. 

Текстот го пренесуваме во целост:

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува:

Земјите на НАТО се подготвувааат за можни нуклеарни напади врз Русија, предупреди висок московски генерал. Дали сте подготвени да се печете во Европа? Подготвени или не, САД одлучуваат наместо вас. Но, погледнете ја „светлата“ страна. Нема да боли многу. Ќе видите само експлозија и ќе се претворите во пепел за секунда.

Њузвик објавува изјава од генералот Владимир Кулишов, водач на граничната служба на руската главна разузнавачка агенција, кој за Риа новости рекол дека Москва е загрижена за зголемување на активностите на НАТО во близина на руската граница. Тој ги обвинил НАТО земјите дека се подготвувале да спроведат нуклеарни напади на руска територија како што се зголемуваат тензиите меѓу Кремљ и алијансата.

Но, во понатамошниот тек на изјавата тој вели дека „сценарија“ за непријателство против Руската Федерација се разгледуваат вклучително и такви за нуклеарни напади на руската територија.

И покрај изјавата на Кулишов, нема никакви најави дека НАТО земјите ќе ја нападнат Русија на руска територија со нуклеарно оружје. Она кое коинцидира со изјавата на Кулишов е изјавата на претседателот на Русија, Владимир Путин, кој нареди неговата војска да спроведе вежби со распоредување тактичко нуклеарно оружје по, како што ги нарече Москва, „заканите од Западот“.

Заедно со оваа зголемена „нуклеарна реторика“, Кремљ и неговите пропагандисти ја карактеризираат инвазијата врз Украина како прокси војна меѓу Москва и Западот, честопати критикувајќи го НАТО што обезбедува помош за Киев. Путин предупреди дека „ќе има ризик од нуклеарна војна ако НАТО испрати војници во Украина“, уште во февруари годинава, по изјавата на францускиот претседател, Емануел Макрон дека идното распоредување на западни копнени трупи во Украина не треба да биде „исклучено“.

Полска изрази волја да биде дел од програмата на НАТО за нуклеарно споделување, која е дел од политиката за нуклеарно одвраќање на Алијансата. Соединетите Американски Држави ја контролираат употребата на ова оружје. Од ноември 2009 година, под нуклеарно споделување, американското нуклеарно оружје се наоѓа во Белгија, Германија, Италија, Холандија и Турција. Поради тоа што Русија распоредува тактичко нуклеарно оружје во Белорусија, Полска е заинтересирана да учествува во програмата на НАТО за нуклеарно споделување, која е дел од нуклеарното одвраќање.

Но, ова е заради зајакнување на безбедноста на Полска и на одбраната, во случај Русија да нападне кон земјите на НАТО, а не за да се нападне Русија со ова оружје од страна на НАТО.
Заменик министерот за национална одбрана на Полска, Павел Залевски истакна:
Сите сме поддржувачи на зајакнување на безбедноста на Полска на секој можен начин, ова прашање од една страна треба да биде предмет на договор во рамките на НАТО, а од друга страна треба да биде предмет на внатрешен договор.
Меѓутоа, во последно време, заканите од Русија за употреба на нуклеарно оружје зачестија. Заканите упатени кон Европа за употреба на тактичко нуклеарно оружје за првпат се толку фреквентни од почетокот на воената инвазија врз Украина во февруари 2022 година.

Русија смета дека целото оружје со долг дострел што го користи Украина е веќе под директен надзор на војници од земјите на НАТО. Ова не е воена помош, ова е учество во војната против нас. А, таквите акции би можеле да станат casus belli (чин што предизвикува војна – причина за војна), рече Дмитриј Медведев.

Токму Путин, како што веќе пишуваше Вистиномер, наредил одржување на вежби на единиците што поседуваат тактичко нуклеарно оружје. Најголемиот број медиуми на македонски јазик ја пренесоа веста од западните агенции, кои пак, се повикуваат на соопштението на руското министерство за одбрана. Само еден медиум уште во насловот истакна дека станува збор за „закана на Путин со нуклеарно оружје“.

Дел од медиумите на македонски јазик во овој контекст ја пренесоа и изјавата на рускиот амбасадор во САД, Анатолиј Антонов за руските медиуми, според кого, наредбата за вежбата бил принуден потег на Москва.

Ова е принудна мерка како одговор на арогантната и агресивна политика на колективниот Запад, кој создава неприфатливи безбедносни закани за Русија и нејзините граѓани, рекол Антонов.

Шефот на НАТО, Јенс Столтенберг ги отфрли предупредувањата на Путин за наводна ескалација ако ѝ се дозволи на Украина да користи западно оружје за да цели на руска територија.

Столтенберг истакна дека НАТО се изнаслушало такви предупредувања многу пати порано и дека самоодбраната не е ескалација.

Ова не е ништо ново. Ова е случај секогаш кога НАТО сојузниците дават поддршка за Украина. Во секој таков случај претседателот Путин се обидува да ни се закани да не го правиме тоа. А што се однесува на ескалација, па, Русија ескалираше со тоа што окупираше друга држава, рече Столтенберг.
Како што пренесува Ројтерс, претседателот на САД, Џо Бајден, дозволил Украина да користи американско оружје за цели внатре во Русија од, кои пак, бил напаѓан украинскиот град Харкoв. Според Бајден потегот на Вашингтон е стратегија за адаптирање на военото поле, неопходна поради нападите на Москва врз Харкoв. Харкoв е вториот по големина град во Украина и е лоциран 30 километри од границата со Русија.
Поради сите горенаведени факти оценуваме дека нема докази оти земјите на НАТО се подготвуваат за нуклеарни напади врз Русија.
hubmk

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Жена од кочанско Оризари пронајдена удавена во канал за наводнување

Осумдесет и деветгодишна жена од селото Оризари, Кочанско, утрово била пронајдена удавена во канал за наводнување во близина на селото, информираше Министерството за внатрешни работи (МВР). Удавената жена ја пронашол...