fbpx

Нема доволно места за паркирање во Скопје, но затоа има премногу работа за пајакот (инфографик)

-

Недостатокот на паркинг места во Скопје е голем проблем за граѓаните кои го користат својот автомобил за патување низ градот, но за пајак – службата на ЈП „Градски паркинг“ ваквата негативна состојба е вистинска можност за заработка. Непрописно паркираните возила, кои ги крева пајакот, на ова јавно претпријатие му носат приход од стотици илјади евра годишно.

Податоците од Годишните извештаи за работењето на ЈП „Градски паркинг“ покажуваат дека пајакот само во 2018 година подигнал 14.733 возила од скопските улици. Споредено со 2016 година, бројката на возила од кои лани била наплатена казна за непрописно паркирање е зголемена за над 1.000 автомобили. Заедно со неа, растат и годишните приходи на пајак службата.

Пајак службата во изминативе четири години заработила над 1,5 милиони евра од возилата што биле санкционирање за паркирање на недозволено место. Најмногу приходи пајакот собрал во 2015 година, кога биле инкасирани речиси 440.000 евра. ЈП „Градски паркинг“ лани од казни и подигнати автомобили прибрал 410.000 евра. И од самото јавно претпријатие во извештаите за работењето нагласуваат дека работата на пајакот директно зависи од развојот на сообраќајната култура и паркирањето во главниот град.

Токму развојот на паркирањето во Скопје е голем предизвик за градските власти. Градот Скопје во моментов нема направено сеопфатна анализа за тоа колку паркинг места му недостигаат во моментов на главниот град, ниту пак има податоци што ја прогнозираат побарувачката на паркинг места во Скопје за наредниот период. Градските власти годинава излегоа единствено со приближна проценка дека недостигаат околу 8.000 паркинг места за решавање на проблемот со паркирање во Скопје.

И додека недостасуваат прецизни бројки за развој на адекватна политика за паркирањето, бројот на патнички автомобили регистрирани во Скопје од година во година постојано расте. На крајот на 2018 во главниот град имало речиси 150.000 автомобили со скопски регистарски таблички.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Податочните центри во Ирска потрошиле повеќе струја од сите домаќинства заедно

Податочните центри во Ирска потрошиле повеќе струја од сите домаќинства во државата заедно, пренесува Гардијан. Според Државниот завод за статистика на Ирска, податочните центри искористиле 21 отсто од електричната енергија...