fbpx

Нема договор меѓу Заев и Гаши, наредната недела следна средба околу можноста за коалицирање

-

Откако лидерите на СДСМ и Алтернатива, Зоран Заев и Африм Гаши се сретнаа, тие во своите партии ќе треба да разговараат околу можноста за идно коалицирање во новата влада. Наредната недела двете партии повторно ќе имаат разговори.

Премиерот Заев изрази благодарност до претседателот на Алтернатива, Гаши и секретарот на партијата Сали што прифатија да дојдат на средба во која се разговараше за евентуална соработка во идна Влада, со што се испраќа порака дека ја осигуруваме европската иднина на земјата.

„Мене ми е драго што можна идна соработка ќе биде дефинирано токму на програмски принципи кои што се однесуваат пред сé на граѓаните. Зборувам и за програмско политичките определби и за кадровските определби во делот на споделување на одговорноста во евентуално нова Влада заедно со Алтернатива. Но допрва претстојат процеси пред нас за кои што треба да разговараме“, изјави Зоран Заев.

Претседателот на Алтернатива Африм Гаши по средбата истакна дека е отворена дискусијата за начините на кои може да се соработува, имајќи ја предвид сериозноста на политичката ситуацијата во земјата и дека во таа насока ќе се донесе најдобрата одлука за сите граѓани.

„Зборувавме за концептот како да се излезе од оваа криза и кој е политичкиот контекст на земјата во однос на процесот на евроинтеграции и дали може Алтернатива да помогне во овој процес. Дискутиравме за супстенцијални прашања за државата. Доколку евентуално, хипотетички, дискутираме за можноста за да порасне актуелното мнозинство ние сакаме да знаеме која е улогата на Алтернатива. Ние нема да влеземе со сила никогаш во ниту една Влада ако не е можно да се остварат општите интереси на државата, на сите граѓани”, рече Гаши.

Премиерот на вчерашната средба беше придружуван од заменик-министерот за финансии, Димитар Ковачевски. Токму тоа ги подгреа шпекулациите во јавноста дека станува збор за сериозен кандидат којшто би можел да го замени Заев на премиерската и лидерската функција.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Урбани велосипедисти утре ќе вртат кругови околу „Ист Гејт Мол“

За прв пат во Скопје, Амбасадата на Холандија и „Гоу Грин“, организираат Портокалова велосипедска тура, па посетителите што ќе дојдат, со велосипеди ќе вртат кругови околу трговскиот центар „Ист...