fbpx

Нема да се плаќа царина за увоз на 13 медицински производи и потрошен материјал

-

Се укинуваат увозните давачки, царини, за медицински помагала и потрошен медицински материјал, одлучи владата на  синоќешната седница. Одлуката се однесува на 13 медицински производи и ќе важи се додека трае вонредната состојба поради корона вирусот.

Како што информира на прес конференција министерот за економија, Крешник Бектеши, владата на предлог на Министерството за економија, одлучи да се укинат царините за етил алкохол со 80 и повеќе проценти на содржина на алкохол, етил алкохол и други алкохоли ненатурирани, сапуни за тоалетна употреба, други сапуни, производи и препарати за миење на кожа во форма на течност или крем и приготвени за продажба на мало со или без содржина на сапун, детергенти, препарати за перење или препарати за чистење, пластична облека и прибор за облека, текситлни драпери кои се употребуваат при хируршки процедури, пластични маски со текстилен филтер, како и очила со стакла од пластични маси.

„Владата одлучи да се замрзнат и цените за потрошен медицински материјал и медицинска опрема и апарати на цената која била утврдена на 11 март 2020 година, кога СЗО прогласи пандемија на корона вирусот. Цените ќе се применуваат до 30 април 2020 година“, рече Бектеши, додавајќи дека целта на мерката е да се вратат цените кои во изминатите  денови се зголемија за неколку пати поради побарувачката од граѓаните.

До крајот на неделава се очекува и да се донесат дополнителни мерки за намалување на царините на репроматеријали за компаниите од месната и прехранбената индустрија, што е на нивно барање, а има за цел да не се наруши процесот на работењето на домашните капацитети.

Бектеши посочи и дека е донесена и уредба за Законот за стечај за време на вонредна состојба. Според неа, на стечајните должници кои ги исполнуваат условите за отворање на стечајна постапка или поведување на претходна постапка, нема да се отвораат стечајни постапки и да се поведуваат претходни постапки за време на траењето на вонредната состојба. „Сите започнати постапки, како претходна постапка за отворање на стечајна постапка и отворање на стечајната постапка над стечајниот должник, се одложуваат за време на траењето на вонредната состојба“, рече тој.

За помош на туристичкиот сектор, како најпогоден од корона вирусот, ќе им се даваат ваучери на туристичките компании за обештетување на граѓаните кои уплатиле аранжмани.

„Туристичките агенции со ваучери ќе ги обесштетат граѓаните чии патувања се уплатени, а откажани поради пандемијата со корона вирусот. Лицата кои уплатиле одредена сума, нема да ги изгубат средствата, туку ќе добијат ваучер во висина на уплатата што ќе може да го искористат за друго патување. Во случај некоја агенција да затвори и да прекине со вршење на дејноста, ќе мора парите во целост да им ги врати на клиентите. За оние агенции што нема да ги следат упатствата, следуваат казни, рече Бектеши, додавајќи дека ваучерите ќе може да се користат заклучно со 31 декември 2021 година.

За поддршка на туризмот, Здружението за заштита на авторски и музички права , Владата одлучи да ги ослободи од плаќање од надоместок за музика, хотелите, угостителските објекти, бидејќи моментално не работат.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

По вторпат транспортирано лице со мозочен удар од Унгарија со полициски хеликоптер

Лице со мозочен удар денеска беше превезено од Уггарија во земјава со полициски хеликоптер на МВР, опремен со потребна медицинска опрема за таков лет. Ова е вторпат да се...