fbpx

Неколку сообраќајници низ градот, утре ќе бидат затворени за сообраќај

-

Министерство за внатрешни работи информира дека утре ќе бидат затворени неколку сообраќајници.

„На улицата 1732 (зад Националната фудбалска арена во Градскиот парк) поради однапред најавено снимање во организација на Агенција за маркетинг „Дивисион“, сообраќајот по оваа улица од потегот кај ресторанот „Опатија“ до фудбалскиот терен на АРМ ќе биде затворен во период од 06 до 19 часот, а сообраќајот ќе биде пренасочуван по околните сообраќајници.

Исто така утре во периодот од 11 до 13часот, поради спортската манифестацијата – трка со ролери – во организација на ЈУ „Детски културен центар“ Карпош од Скопје, со траса на движење од булеварот „Илинден“ (пред фонтаната во Градскиот парк) до крстосницата на булеварот „Илинден“ со улицата „Никола Тесла“ (кај седиштетот на ЈП Паркови и зеленило) во Скопје, оваа делница ќе биде затворена за сообраќај, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвиваат настаните“, се вели во соопштението на МВР.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...