Во април 2025 година, вкупните депозити на граѓаните (домаќинствата) достигнале 408.621 милиони денари, што претставува годишен раст од 12 отсто, соопшти Народната банка (НБРСМ). Овој пораст, како што велат од банјата, е најмногу резултат на зголемувањето на депозитните пари и долгорочните депозити во денари.
Во истиот период, вкупните кредити дадени на домаќинствата достигнале 256.344 милиони денари, што претставува раст од речиси 10 отсто на годишно ниво. Особено е забележливо зголемувањето на станбените кредити за 14 отсто, како и потрошувачките кредити за 9 отсто.
Со вкупни кредити од 508.520 милиони денари и популација од околу 2,07 милиони жители, секој граѓанин во просек должи околу 246.000 денари.
Вкупните депозити на целокупниот недржавен сектор (граѓани и фирми) во април 2025 година изнесувале 600.920 милиони денари, што е годишен раст од 11,6 отсто. Истовремено, вкупните кредити на недржавниот сектор достигнале 508.520 милиони денари, со годишен раст од 11,8 отсто.