Владата на својата вечерашна седница донесе одлука по престанувањето на вонредната состојба да остане на сила мерката за ослободување од работните обврски на родителите кои што имаат деца до 10-годишна возраст или активно четврто одделение, хронично болните лица и бремените жени, самохраните родители, родителите на деца со попреченост кои што ја користат услугата дневен центар, како и лицата кои што на работа одат со придружба-потполно слепи лица, лица кои се движат со инвалидска количка и лица со умерена и тешка интелектуална попреченост, со можност, доколку е тоа остварливо да ги извршуваат работните задачи од дома.

Исто така, донесена е одлука моловите да може да работат до 22 часот секој ден освен во недела.