Љ. Т., шеесет и седум годишен жител на Неготино, преку личен профил и профил кој го управува на социјална мрежа, објавил видео во кое употребил погрден и навредлив израз за лица од село Криволак, повикувајќи на дискриминација и ускратување на изборното право на група граѓани по етничка основа, објави Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради тоа ОВР Неготино, до ОЈО Кавадарци, поднело кривична пријава против него, поради постоење основи за сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“ по член 394-г став 2 во врска со став 1 од КЗ.
„Тој на 20 октомври, преку личен профил и профил кој го управува на социјална мрежа, објавил видео во кое употребил погрден и навредлив израз за лица од село Криволак, повикувајќи на дискриминација и ускратување на изборното право на група граѓани по етничка основа. Следниот ден, во ОВР Неготино се примени три пријави, а потоа и на 24 октомври, 107 жители на село Криволак, неготинско, писмено пријавиле дека Љ.Т. од Неготино на социјална мрежа објавил видео, кое било јавно достапно, а во кое изнел невистини и навреди на национална основа во врска со изборниот процес“, се вели во информацијата.
