Need for Speed Heat се продава со 95 отсто попуст на Steam

Need for Speed скриншот на Ферари во играта од YouTube
Need for Speed скриншот на Ферари во играта од YouTube

Need for Speed Heat e на 95 отсто попуст на Steam и тоа се работи за Deluxe верзијата која во редовна продажба чини 70 евра, а моментално се продава за само 3,5 евра што е смешна цена за толку квалитетна игра. Промоцијата со драстичниот попуст завршува на 11 октомври.

Во оваа игра можете да уживате во сите добри страни на најдобрите Need for Speed наслови, како и новитети каде дрифтањето е подобрено и дури можат да се менуваат различни пламени што излегуваат од ауспухот на вашата кола – можете само да ги замислите уредувањата на другите класично менувани детали.

Можете да бирате и модерни коли како и „помодерни сегашни олдтајемери“. На пример во играта има класична Фолксваген Буба каква што вози Дилан Дог во истоимениот стрип од Бонели. Има модели од автомобили од Ферари, но нема Тојоти. Играта е послеана и нема толку многу пречки кои може да ви го спречат текот на слеано возење и уживањето на управување при големи брзини. EA sports сепак предупредува во реалниот живот да се вози совесно и школски.

Во врска со оваа игра а и детални објасненија за успоните и падовите на Need For Speed серијалот ви препорачуваме да го прочитате нашиот претходен напис каде е опфатена и оваа игра односно Need For Speed Heat. Написот е по повод 27 годишнината од првото излегување на Need for Speed игрите.

Светот на видео игрите ја одбележува 27 годишнината од Need For Speed