Најновата најавена видеоигра за Џејмс Бонд наречена „007 First Light“ е обид да се репопуларизира оваа франшиза на филмови и ротороманчиња за најпознатиот фиктивен таен агент за најмладите генерации играјќи на картата дека првиот контакт на помладите со темата ќе биде преку оваа видеоигра, што е малку веројатно.
Првото нешто што веднаш се забележува е недоследност со оригиналниот материјал, односно „Pulp Fiction“ ротороманите на Иан Флеминг за ликот на Џејмс Бонд. Затоа што новиот Џејмс Бонд е сосема нов лик во сегашно време што генерациски би требало да се смета како таканаречената генерација „миленијалс“ за млади родени по 2000дитата година.
Ова би требало да направи ефект на себеидентификација и кај „Генерацијата Z“ кои се таргет група за играта. Но толку е познат фиктивниот лик на агентот 007 Џејмс Бонд (Најпознат таен Агент којшто веднаш си го кажува вистинското име и презиме на секому што ќе го сретне, го пие истиот пијалок „веспер мартини со мраз-непротресено“ и секогаш користи мало пиштолче.-Што вака сублимирано спомнато е навистина испаѓа и звучи комично.) што тешко дека и најновите генерации прв допир со темата ќе им биде баш оваа игра.
Досега Џејмс Бонд игрите базирани на филмовите беа набрзина склопени генерични пукачки игри каде фигурираа лицата на актерите во игрите со коресподентните филмови, видеоигри кои немаа да понудат нешто повеќе.
Во најновата игра „007 First Light“ во самите борби со тупаници и нозе се гледа дека не е користена технологија каде движењата би требало да ги прави снимен мајстор на боречки вештини, ударите во трејлерот се неправилно изведувани -очигледно од аниматори што не знаат како правилно се изведуваат.
Што е уште една недоследност, слична на генеричните пукачки игри каде се е набрзина склопено за ефект и брза продажба. Но гејмерите и гејмерките имаат добра перцепција за добро сработена видеоигра и за набрзина направена игра па макар и на франшиза што тежи милиони долари.
Во играта се вели дека се открива приказната за потеклото на Џејмс Бонд, а се одвива во сегашно време, каде во играта има flatscreen монитори и модерна технологија во канцелариите низ кои се шета младиот Џејмс Бонд (не се мисли на гаџетите, како рачниот часовник и специјален автомобил со повеќе убиствени скриени оружја и помагала) што воопшто не е доследно на книгите или постарите филмови со Роџер Мур и Шон Конери каде Џејмс Бонд е веќе возрасен во 70тите години од минатиот век.
Да, точно е дека е модернизиран во филмовите со Пирс Броснан и Даниел Крег, но тие филмови не предизвикуваат до толку ефектно како ликот во првите филмови подоследни на книгите. Особено затоа што главната комерцијализација е рекламирање на марки на автомобили. Додека игрите рекламираат огнени оружја.
Тоа што периодично приказната во играта нема врска со оригиналниот материјал ќе предизвика само негативен ефект. Филмовите беа толку успешни затоа што правеа сценарија на најчитаните романчиња од писателот Иан Флеминг кој што тврди дека за урнек за создавањето на Џејмс Бонд како лик го земал својот роднина актерот Кристофер Ли кој буквално ловел нацисти во Втората Светска Војна и соработувал и со Тито во антифашистичката борба.
Актерот е исто така познат по многу успешни улоги од кои најпознати филмски улоги му се Дракула, Саруман во Господарот на Прстените и Грофот Дуку во Star Wars филмовите иако има многу повеќе и филмски и театарски успешни улоги зад себе и буквално се смета дека извршил влијание да се создаде метал музиката и при крајот од животот дури има и албум со Хеви Метал музика.
Кристофер Ли ќе остане запаметен како актер со маркантен длабок глас и одлична дикција, но и специфична харизма. Башка Кристофер Ли по потекло е потомок на Кралот Чарјмејлејн кој имач меч со закривена дршка, затоа и во улогата на Грофот Дуку има светлосен меч со закривена дршка. Дел од неговиот формален тренинг и вежби за театарски настапи како актер било и мечувалството- за што има референца во трејлеров за играта -каде новиот Џејмс Бонд останува без оружје во борба во музеј и зема меч од експонатите и зазема борбен став-индицирајќи дека покрај сѐ друго е и вешт мечувалец:

За жал оваа верзија во играта е толку модернизирана што е можно ништо од дражот на добрите страни на Џејмс Бонд франшизата да не биде понудено во новонајавента Џејмс Бонд игра освен набиена акција, неправилно изведување удари, многу пукање, бркање со возила, сексипилни жени и експлозии. Што е веќе сто пати видена рецепта од Холивуд во филмови пресликана и во игри- што „се штанцаат како на лента во фабрика“.-Затоа и не се очекува оваа игра да биде ниту почитувана ниту премногу играна. Но сепак времето ќе покаже кога играта ќе биде завршена, мора да се остави простор и за позитивни страни.
Ако сакате да дознаете повеќе за самата игра ова е линк до главниот вебсајт за играта „007 First Light“ која сеуште е во развој за PlayStation 5 и е генерално најавена дека ќе излезе во 2026 година.
