fbpx

ЈСП: Неделен возен ред утре и две привремени нови линии

-

Утре поради државниот празник 23 Октомври- Ден на Македонската револуционерна борба, автобусите од јавниот превоз ќе сообраќаат по неделен возен ред, информираат од ЈСП.

„Истовремено, сакаме да ве информираме дека од среда до недела во редовниот линиски превоз ќе бидат вклучени две привремени линии кои ќе сообраќаат до СЦ „Борис Трајковски“. Станува збор за линиите 100 и 200, првата ќе сообраќа од Ново Лисиче, а втората од Дексион.
И двете линии се воведуваат по барање на Скопски саем, за полесен пристап на посетителите на саемите „Технома“, Меѓународниот саем за градежништво и Саемот за недвижности и инвестиции „Реалекспо““, се вели во соопштението на ЈСП.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Сојузот на синдикати најави три протести, првиот ќе се одржи во вторник

Работниците и граѓаните повеќе немаат изговор да не учествуваат на протестите што ги организира Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), рече првиот човек на Сојузот, Слободан Трендафилов, на прес-конференција...