fbpx

Неделава ќе се ограничат цените на зеленчукот, овошјето и дел од хигиенските производи

Ова следи откако вчера Министерството за земјодество, шумарство и водостопанство (МЗШВ) даде поддршка за ограничување на цените на овошјето и зеленчукот

-

Министерот за економија Крешник Бектеши најави дека на утрешната владина седница најверојатно ќе биде донесена одлука за замрзнување на цените на дел од хигиенските производи на истиот начин како што тоа е направено кај прехранбените производи. Во текот на неделава, владата ќе донесе одлука и за замрзнување на цените на пет до шест земјоделски производи – зеленчук и овошје.

„Денеска во текот на денот мојот тим работи и најверојатно повеќе од пет-шест производи ќе бидат замрзнати во текот на оваа недела. Ги чекаме и анализите од Царинската управа за увозните цени кои ги пријавуваат трговците кои се занимаваат со овошје и зеленчук за да видиме колкава е разликата во делот на маржите за да можеме во текот на оваа недела и увозните производи, главно овошни да ги замрзнеме“, изјави Бектеши.

Ова следи откако вчера Министерството за земјодество, шумарство и водостопанство (МЗШВ) даде поддршка за ограничување на цените на овошјето и зеленчукот.

Освен ограничувањето на цените на дел од земјодеските култури, министерот за економија Бектеши најави одлука за замрзнување на цените на дел од хигиенските производи.

„Нема да чекаме несоодветно работење на одредени комисии во Собранието сè со цел да донесат закони коишто се во интерес на граѓаните како што беше законот за намалување на ставките на ДДВ за одредени хигиенски производи. Со одлука на Владата ќе ги намалиме цените на лепеза хигиенски прозводи до одреден датум“, изјави Бектеши.

Меѓу останатото, министерот за економија најави и дека се прават анализи за од 1 јули да се воведе евтина тарифа за струјата, за како што рече, пензионерите или невработените кои поголемиот дел од денот се дома, да користат евтина тарифа и да ги намалат трошоците.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Грчкиот дипломат Рокас доаѓа на местото на Дејвид Гир како амбасадор на ЕУ за С. Македонија

Жосеп Борел, високиот претставник на Европската Унија, номинираше 44 нови шефови на делегации на ЕУ, вклучително и нови амбасадори на ЕУ во Босна и Херцеговина, Црна Гора и Северна...