fbpx

Неажурираните податоци ја намалиле администрацијата за 50 отсто, откриваат ревизорите

-

Постои неусогласеност меѓу податоците кои ги генерира Интегрираниот систем за управување со човечки ресурси и податоците од Регистарот на вработените во јавниот сектор со состојба 31 декември 2018 година и тоа по бројот на институции од јавениот сектор и бројот на вработени во нив, утврдиле државните ревизори при контролата на работењето на Министерството за информатичко општество и администрација за минатата година.

„Имено, доставените податоци од страна на Министерството, генерирани од модулот за персонална евиденција за 2018 година, укажуваат дека во РСМ има вкупно 1.310 институтции од јавниот сектор во кои бројот на активни договори за работа изнесува 78.320 лица, додека според годишниот извештај во јавниот сектор активни се 1.314 институции во кои работен однос имаат засновано 132.068 лица“, се вели во извештајот на ревизорите.

Во него се додава дека приложените документи укажуваат дека не се врши ажурирање на податоците.

„Имено, 168 институции се водат под драфт/нацрт систематизација на работните места, додека 201 институција во системот се водат без ниту едно лице распределено работно место. Неажурноста во внесување податоци во системот е причина за разликите изнесени погоре“, се вели во извештајот.

Ревизорите откриваат дека до моментот на вршење на ревизијата модулот за пресметка на плати се користи само во 26 институции, а модулот за извештаи се користи само од Министерството за информатичко општество и администрација.

„Ваквата состојба упатува на тоа дека основните цели за кои е воспоставен системот не се реализираат согласно утврдената динамика, а за воспоставување и одржување на истиот во изминативе четири години се остварени значителни расходи, од кои само во 2018 година 21,1 милиони денари“, пишува во извештајот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Во деновите пред изборите ќе има редовна настава, информира МОН

Деновите пред гласањето на претстојните избори, 23 април и 7 мај, ќе бидат работни за сите училишта. Притоа, во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес, наставата ќе...