fbpx

Не постои активен механизам за промовирање на недискриминација и еднаквост

-

Во моментот во земјава не постои активен механизам за промовирање на недискриминација и еднаквост со фокус на говорот на омраза и кривичните дела од омраза, се вели во Анализата за состојбата со говорот на омраза која беше промовирана вчера. Според заклучоците од оваа анализа, оваа состојба се должи на недостаток на нова стратегија што создава несигурност и недоследност во спроведувањето на планираните активности.

Анализата е изработена во рамките на проектот за промоција на разноликост и еднаквост, кој е дел од заедничката програма на ЕУ и Совет на Европа, „Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција II“. Сепак, целосната анализа сè уште не е достапна за јавноста.

Анализата покажала и дека националната рамка за евиденција и мониторинг на кривични дела од омраза била недоволно развиена, а недоволно биле развиени и правната рамка и системот за собирање податоци во однос на говорот на омраза.

Според утврдентото, непостоењето на јасна разлика во рамките на законот за тоа кои кривични дела се говор на омраза, а кои се кривични дела од омраза или кривични дела на дискриминација, придонесува за понатамошна конфузија во препознавањето на овие дела од страна на обвинителите и судиите.

Исто така, дополнителна забелешка е идентификувана и во Законот за спречување и заштита од дискриминација кој нема јасна и прецизна дефиниција за говор на омраза и не го препознава говорот на омраза како отежнувачка форма на дискриминација и не ги препознава различните форми на говор на омраза и нивото на сериозност на тие форми.

За авторите, загрижувачки е што недостатокот на законска регулатива за онлајн говор на омраза доведува до несоодветна заштита од него и негово неконтролирано ширење преку онлајн алатки. Истовремено, како што е наведено во заклучоците на анализата, и покрај фактот дека говорот на омраза е криминализиран, останува фактот дека прекршочните одредби за санкционирање на говорот на омраза, особено онлајн говорот на омраза, се значително потребни.

Проблем претставува и фактот дека не постојат статистички податоци за следење на пријавените дела од омраза во надлежното обвинителство. Исто така, нема статистика за колку предмети обвинителството има поднесено обвинителен акт или предлог до судовите или колку кривични дела од омраза се финализирани со осудителна пресуда.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Путин: Немаме намера да нападнеме земји членки на НАТО

Русија нема планови за напад на земјите членки на НАТО и нема да ги нападне Полска, балтичките земји или Чешка, но доколку Западот испорача ловци Ф-16 на Украина, тогаш...