По повод започнувањето на глобалната иницијатива „16 Дена активизам за борба против насилство врз жените“, младите од волонтерската група на ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување, денес на Платото на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје ја претставија својата младинска кампања „Феминизам кој потфрла/ Failed Feminism“.
Кампањата е критичка реакција на долгогодишните институционални пропусти во превенцијата и заштитата од родово засновано насилство, и јасно порача дека кога реформите се сведуваат на симболика, последиците ги носат жените, девојките и маргинализираните заедници. Преку видеа, лични приказни, подкасти и герила-интервенции, младите бараат суштински, а не декларативни промени. „Феминизам кој потфрла“ е јавно предупредување дека институционалните пропусти, политичката неамбициозност и нормализираното игнорирање на женските искуства создаваат реална, опасна и скапа празнина меѓу ветената и вистинската еднаквост.
„Кампањата беше започната со акција на кампусот при УКИМ, која преку силни визуелни пораки го отвори прашањето: што точно славиме кога велиме дека сме родово еднакво општество? Изминатиот период сведочевме многу фемициди, кои доколку се случуваат откако е пријавувано насилството а институциите затајуваат да ги заштитат жртвите, се всушност системски форми на родово засновано насилство и дискриминација кои остануваат маскирани зад статистики што ретко ја кажуваат вистината. Бројките и искуствата од терен покажуваат поинаква слика од официјалните наративи: • Образовните институции и медиумите често продолжуваат да ги репродуцираат старите стереотипи. Во формалното образование се уште нема имплементација на наставни програми кои нудат информации за превенција, препознавање и пријавување на насилството, рушење на родовите стереотипи, грижа за сексуалното и репродуктивното здравје како и информации за адолесцентските врски и односи“, се вели во соопштението од ХЕРА.
Оттаму додаваат дека сервисите за заштита често се недостапни, недоволни или воопшто не функционираат за девојките и жените, а особено за оние од маргинализираните заедници, бидејќи економската, а и секоја друга нееднаквост продолжува да го диктира пристапот до безбедност, здравје и можности.
Младите активистки гласно повикаа на суштински реформи и одговорно постапување на институциите по законите: „Родово-базирано насилство перзистира бидејќи останува невидливо и неказниво, се тривијализира во општеството.
