Не може да се тврди дека одлуката на САД за новите царини само малку ќе се одразела врз економијата

Соопштението на Владата во врска со новите царини воведени со одлука на американскиот претседател Доналд Трамп, содржи елементи на недоследност, пишува Вистиномер

-

Импактот врз македонската економија не може да биде голем само ако се гледа вкупната размена со САД, која за 2024 година изнесувала околу 300 милиони евра, но и тоа е само релативно, бидејќи за компаниите извозници последиците ќе бидат големи. Но, ако се земе вкупниот импакт кој засега не може прецизно да се процени, но секако ќе го има, недоследно е да се фокусирате само на обемот на трговската размена, па оттука да се соопштува дека тој немало да биде голем, пишува Вистиномер во написот кој го пренесуваме во целост.

Соопштението на Владата во врска со новите царини воведени со одлука на американскиот претседател Доналд Трамп, содржи елементи на недоследност:

Владините тимови веќе некое време ги анализираат можните последици и заедно имаме подготвен план за надминување на ситуацијата. Оваа одлука нема да има голем импакт врз нашата економија, но ние имаме јасен план како понатаму.

[Извор: Влада – соопштение – Датум: 03.04.2025]

 

Образложение:

Владата на РСМ во врска со новата тарифна политика на САД кон Северна Македонија (впрочем кон целиот свет), излезе со соопштение во јавноста во кое има две недоследности.

Првата недоследност е во тврдењето на Владата дека одлуката нема да има голем импакт врз нашата економија. Каков и да има план Владата и колку и да е точно дека речиси целиот свет се соочи со ваква одлука од Вашингтон, импакт ќе има, а недоследно е да се каже дека овој импакт ќе бил мал, поаѓајќи, пред сè, од вкупните бројки на трговската размена (иако тој не се наведува во владиното соопштение) и од планот што Владата го имала, бидејќи ја знаела оваа најавена мерка.

Впрочем, зборот мал е релативна категорија, зашто за извозниците во САД тој импакт ќе биде голем. Бидејќи дури и ако се тргне од вкупниот импакт на економијата поради ланската бројка од околу 300 милиони евра, трговска размена во која ние сме во дефицит од околу 80-тина милиони (извор: ДСЗ/Мета.мк), новите царини од САД ќе имаат импакт врз повеќето од нашите компании што извезуваат и надвор од САД. Па, така, тврдењето дека тој импакт нема да биде голем е недоследно, зашто не ја знаеме големината на штетата што ќе биде нанесена.

А, не се знае затоа што не се знае сè уште импактот врз автомобилската, текстилната, металната рударската индустрија… што извезуваат во ЕУ полупроизводи и делови, а кои ќе бидат погодени од тарифите.

Но, уште повеќе, недоследно е да се каже дека само С. Македонија нема да има голем економски импакт ако целиот свет со мали исклучоци го има и ќе го почувствува.

Ако ЕУ и нејзините членки имаат сериозен импакт и ќе го почувствуваат, а тој не се однесува само на ЕУ како што кажа претседателката на ЕУ Урсула Фон Дер Лаен, ако имаме предвид дека нашиот најголем трговски партнер се земјите од ЕУ, а меѓу другите и Германија која ќе има сериозни последици (види тука), ако берзите во цел свет регистрираат пад и ако се најавува глобална рецесија, тогаш како може да се знае дека импактот ќе биде мал!? Ако импакт има врз Србија, Грција, Турција, исто така, големи партнери во трговската размена со С. Македонија, како може тоа да не се одрази на нас? И затоа, ваквиот став на Вадата е недоследен.

И уште нешто. Недоследно е Владата да ги рангира нападите врз нејзе во зависност од мотивот (види ги последните два пасуса од соопштението), кога во последната реченица самата признава зошто некои ја напаѓале: „А некои и поради оправдани дилеми – и нив целосно ги разбираме“. Значи штом има „оправдани дилеми“, не може да дојде до ваква оценка на владата за мотивите на нападите, нешто што во моментов, всушност, е и неважно прашање.

 

Извори:

 

Оцени: Теофил Блажевски

Швајцарија започнува нова Програма за соработка со РСМ

Швајцарија официјално ја започна новата Програма за соработка 2025-2028 за Северна Македонија, потврдувајќи ја уште еднаш својата долгогодишна посветеност на поддршката на демократските реформи, одржливиот економски раст и отпорноста на животната...

Идниот месец ќе се знае колку линдан остана во ОХИС и колку ќе чини чистењето

Колку точно линдан останува во малата депонија во ОХИС и колку време и пари ќе бидат потребни за нејзиното целосно расчистување ќе се знае во текот на јуни. Испитувањата на мострите...

Засолниште има, но кучиња скитници продолжуваат да ја загрозуваат безбедноста во Тетово

И покрај отворањето на засолниште за кучињата скитници во Тетово, граѓаните се уште се соочуваат со бројните кучиња по населбите. Официјалните податоци покажуваат дека во текот на изминатите четири години стотици...

Велика Британија и Европа ѝ наметнуваат големи санкции на Русија по повикот меѓу Путин и Трамп

Обединетото Кралство и Европа најавија големи санкции против Русија, откако стана јасно дека телефонскиот повик меѓу Доналд Трамп и Владимир Путин не донел никакви значајни отстапки од Москва, пренесува Гардијан. Украинскиот претседател,...

Швајцарија започнува нова Програма за соработка со РСМ

Швајцарија официјално ја започна новата Програма за соработка 2025-2028 за Северна Македонија, потврдувајќи ја уште еднаш својата долгогодишна посветеност на поддршката на демократските реформи, одржливиот економски раст и отпорноста...