Не кликајте на линкови за наводни наградни игри и инвестирање во виртуелни валути

Се работи за лажно креирани профили и поради сомненија за сторени кривични дела од областа на интернет измамите, до граѓаните но и до правните субјекти, апелираме на крајна внимателност при комуникациите на социјалните мрежи

-

Отсекот за компјутерски криминал при СВР Охрид денеска, од повеќе профили на неколку социјални мрежи, евидентирал зачестени објави во кои, од граѓаните се бара со „клик“ на линкот, да ја отворат и прочитаат објавата или да учествуваат во ексклузивни „наградни игри“ или да инвестираат во виртуелни валути.

„Од преземените мерки, констатирано е дека се работи за лажно креирани профили и поради сомненија за сторени кривични дела од областа на интернет измамите, до граѓаните но и до правните субјекти, апелираме на крајна внимателност при комуникациите на социјалните мрежи. За да не бидат злоупотребени, граѓаните да не наседнуваат на ваквите лажни објави, да не ги отвораат истите, да не ги следат и да не остават свои лични и други податоци или службени информации“, апелира СВР Охрид.

Поради комплексниот начин на истрага, велат оттаму, една од ефикасните форми за борба против овој вид на криминал е превенцијата и градење висока свест и совест при комуникацијата и користење на интернет мрежите.

„Потсетуваме дека информациите за постоење на сомненија за овој вид измами, навремено да се пријават до СВР Охрид“, додаваат оттаму.

(ГАЛЕРИЈА) Мета од Белград: Борбата на српските студенти и граѓани не стивнува

Повеќе од три месеци поминаа од трагедијата на железничката станица во Нови Сад, Србија, а граѓанските протести и студентските блокади со барања за утврдување одговорност за несреќата и спроведување на правата...

Театарската претстава за млади „Чудо“, ќе биде изведена во понеделник во „Јадро“

Новата театарска претстава за млади „Чудо“, со текст и режија на Хана Миленковска, како и младата актерската екипа: Мартина Даниловска, Наум Ѓорѓиески, Ангела Пејковска, Димитар Паскоски и оригинална музика на Ади...

Бројот на ковид случаи во јануари е за 3,3 пати поголем во споредба со декември

Во текот на 2025 година, а заклучно со 2 февруари, регистрирани се вкупно 20 заболени лица од ковид-19. Бројот на заболени лица во месец јануари е за 3,3 пати поголем во...

ССМ: Само Владата може да влијае на трговците да ги намалат цените

Нови повици за бојкот на маркетите се споделуваат деновиве на социјалните мрежи, откако минатата недела за прв пат се случи бојкот поради високите цени. Граѓаните се повикуваат да се воздржат од...

(ГАЛЕРИЈА) Мета од Белград: Борбата на српските студенти и граѓани не стивнува

Повеќе од три месеци поминаа од трагедијата на железничката станица во Нови Сад, Србија, а граѓанските протести и студентските блокади со барања за утврдување одговорност за несреќата и спроведување...