fbpx

Не е вистина дека обвинителот кој го гони Путин е пронајден мртов

Оваа информација е измислена со цел манипулирање на корисниците на социјалните мрежи

-

Во ниту еден медиум нема никаква информација за наводната смрт на обвинителот на Меѓународниот кривичен суд, Карим Кан. Ниту пак, за такво нешто извести Меѓународниот кривичен суд. Доколку ова беше вистина, ваквата информација немаше да помине незабележано, туку ќе беше објавена во сите медиуми. Така што, оваа објава што се шири на Фејсбук, пласирана без никаков доказ или потврда, личи како да е намерно измислена, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

 

 

Објава на социјалната мрежа Фејсбук тврди дека јавниот обвинител кој го води случајот против Владимир Путин бил пронајден мртов. Ова е неточна информација.

BQQQM! JAVNIOT OBVINETEL KOJ GO VODESHE DELOTO PROTIV PUTIN PRED EDEN DEN BIL PRONAJDEN MRTOV VO SVOJOT STAN OKOLU 02,00. PUU JASK BE NE DOCEKA DA GO UAPSAT PUTIN, NEMAL SREKJA BREEJ, пишува во постот.

Меѓународниот кривичен суд (МКС) со седиште во Хаг пред една недела издаде потерница за рускиот претседател Владимир Путин, кој е обвинет за воени злосторства поради депортација на украински деца од окупираните територии во Русија. Судот издаде налог за апсење и за Марија Алексејевна Лвова-Белова, руската комесарка за човекови права. Таа е исто така обвинета за воени злосторства во врска со депортацијата на украинските деца.

Иако во објавата не е експлицитно кажано за кое дело станува збор, сепак јасно е дека станува збор за случајот кој што го отвори Хашкиот суд, бидејќи тоа е единствената меѓународна истрага којашто се води против Путин. Судот соопшти дека делува по барање на главниот обвинител Карим Кан, а во објавата којашто е предмет на оваа  рецензија се тврди дека тој бил пронајден мртов во својот стан пред неколку дена, што е неточно.

Обвинителот на Меѓународниот кривичен суд, Карим Кан не е пронајден мртов ниту во својот стан ниту било каде. Нема никаква информација за негова наводна смрт во ниту еден медиум, ниту пак, за такво нешто извести Меѓународниот кривичен суд. Доколку ова беше вистина, ваква информација ќе беше објавена во сите медиуми, што не е случај. Па така оваа информација, без никаков доказ или потврда личи како да е намерно измислена.

Иако Кан не е пронајден мртов, сепак од Меѓународниот суд за човекови права изразија загриженост за заканите кои што ги добиваат од Русија.

Изјавата за загриженост на Судот беше објавена вчера, откако поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев се закани дека ќе го погоди судот за воени злосторства во Хаг со хиперсонични ракети. Исто така, највисокото руско истражно тело отвори кривично дело против обвинителот на Карим Кан, како и против судиите кои издадоа налог за Путин.

Претседателството на Собранието на државите членки на МКС соопшти дека:

Жали за овие обиди да се попречат меѓународните напори за да се обезбеди одговорност за дела кои се забранети според општото меѓународно право.

Британскиот адвокат Карим Кан во февруари 2021 година беше избран како следен обвинител на Меѓународниот кривичен суд, едно од најтешките работни места во меѓународното право, бидејќи Трибуналот бара правда за најголемите злосторства во светот – воени злосторства, злосторства против човештвото и геноцид.

Кан, кој е специјализиран за меѓународно кривично право и меѓународно право за човекови права, пред да стане обвинител водеше тим на ОН формиран за да ги испита наводите за геноцид, злосторства против човештвото и воени злосторства извршени од групата Исламска држава во Ирак и имаше ранг на помошник генерален секретар на ОН. Работел како обвинител во Трибуналот за гонење воени злосторства во поранешна Југославија и злосторства против човештвото и геноцид во Руанда.

Од сите наведени факти можеме да заклучиме оти не е точно тврдењето дека обвинителот којшто го води случајот против рускиот претседател Владимир Путин, е пронајден мртов. Оваа информација е измислена со цел манипулирање на корисниците на социјалните мрежи.

 

***

Овој напис е изработен во рамките на проектот Промовирање на пристап до веродостојни вести за борба против дезинформации, имплементиран од Фондацијата Метаморфозис. Написот, кој е првично објавен во Вистиномер, e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација NED (National Endowment for Democracy). Содржината на написот е одговорност на авторот и не секогаш ги одразува ставовите на Метаморфозис, НЕД или нивните партнери.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Сојузот на синдикати најави три протести, првиот ќе се одржи во вторник

Работниците и граѓаните повеќе немаат изговор да не учествуваат на протестите што ги организира Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), рече првиот човек на Сојузот, Слободан Трендафилов, на прес-конференција...