fbpx

Не е вистина дека е договорено заедничко чествување на Гоце Делчев

-

Проверката на медиумските содржини на интернет кај нас и во Бугарија, покажува дека е неточно тврдењето на ВМРО-ДПМНЕ дека последниот состанок на мешовитата историско-образовна комисија во Скопје резултирал со некаква одлука за Гоце Делчев, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

Во медиумите се појави  текст – соопштение на ВМРО-ДПМНЕ за наводна одлука на мешовитата историска комисија на С. Македонија и Бугарија:

Ковачевски и антимакедонската СДС не престануваат со распродавање на историјата, Комисијата која е плод на договорот со Бугарија договорила заедничко чествување на Гоце. Се што Заев најави сега Ковачевски го реализира, велат од ВМРО-ДПМНЕ…

[Извор: Курир – Вест/Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ – Датум: 16.09.2022]

Образложение:

Дводневната работа на мешовитата историско-образовна комисија која работи согласно Договорот за добрососедство пријателство и соработка меѓу Бугарија и Северна Македонија беше внимателно следена од медиумите во Скопје, а по завршувањето на нејзината работа може да се констатира дека нема никаков договор за заедничко чествување на Гоце Делчев, што би им бил препорачан на владите на двете земји.

Синоќа во медиумите беше објавено кратко соопштение од македонскиот дел од Мешовитата комисија од кое може да се разбере дека оваа тема само била утврдена како точка на дневен ред:

Врз основа на претходно утврден дневен ред членовите на Комисијата разговараа за учебниците по историја кои го третираат периодот на средновековната историја и евентуалното заедничко чествување на Гоце Делчев. Во однос на учебниците по историја тема на дискусија беа средновековните црковни институции и нивното значење за христијанството и словенската писменост и култура. Со оглед на долготрајноста на дискусијата по оваа тема членовите на Комисијата не отворија други теми, се вели во соопштението на македонските историчари, емитувано на ТВ Сител.

Според извештајот на овој медиум, дури и ова тврдење на македонскиот дел од Комисијата е проблематично, зашто како што е наведено во прилогот, членови од бугарскиот тим негирале дека се разговарало за Делчев. Што пак, упатува на можноста темата евентуално да била само „начната“, т.е. спомената на маргините од состанокот.

Во прилог на тоа оди и денешното неофицијално сознание на министерот Бујар Османи дека историската Комисија не стигнала да расправа за ова прашање.

Но, настрана можните заклучоци од преглед на медиумските содржини на агрегаторите на вести, (Тајм.мк. и Грид.мк), нема релевантен извор од кој може да се потврди дека имало договор за оваа тема. Нема ни во дел од бугарските медиуми како што се агенциите БТА, или пак, БГНЕС, каде се објавува само соопштението на македонскиот дел од Комисијата.

Според тоа, тврдењето дека е постигнат договор за заедничко чествување на Гоце Делчев на последниот состанок на Мешовитата комисија за историски и образовни прашања на Северна Македонија и Бугарија е невистина.

Извори 

  • Курир (15.09.2022) – вест/сооппштение [Проверено: 16.09.2022]
  • Сител ТВ (15/16.09.2022)  – вести/вести [Проверено: 16.09.2022]
  • Тајм.мк (15.09.2022) – вести [Проверено: 16.09.2022]
  • Грид.мк (15.09.2022)  – вести [Проверено: 16.09.2022]
  • БГНЕС (15.09.2022) – вести [Проверено: 16.09.2022]
  • БТА (15.09.2022) – вести [Проверено: 16.09.2022]

Оценил: Теофил Блажевски

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бројни награди за учениците од „Илија Николовски Луј“ на Меѓународниот фестивал „Полихимниа“

Денеска заврши Меѓународниот фестивал „Полихимниа“, кој деветти пат по ред годинава се одржа во Скопје. Млади музичари, студенти и професионалци од Македонија, секој со својот инструмент и во соодветна...