fbpx

Не е точно дека во Австралија има забрана за протести на јавни места

Не е вистина дека во Австралија се забранети јавните протести, туку доуредени се начините за тоа како тие може да се спроведуваат, за да не се предизвикува уништување на јавните добра, да не се блокираат итните функции на општествениот живот (итна помош, болници, застој во сообраќајот) и казните се однесуваат само за екстремни случаи на попречување на јавниот живот

-

Во Австралија не се забранети јавните протести, како што тврди постот, туку доуредени се начините за тоа како тие може да се спроведуваат, за да не се предизвикува уништување на јавните добра, да не се блокираат итните функции на општествениот живот (итна помош, болници, застој во сообраќајот) и казните се однесуваат само за екстремни случаи на попречување на јавниот живот, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

 

Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој се вели:

ЗАБРАНА ЗА ПРОТЕСТИ на јавни места. (Австралија )
– Квинсланд $ 7000 казна , 2 год. затвор
 – Нов Јужен Велс – $22000 казна, 2 год. затвор. 
– Виктроија – $21000 казна, 2 год. затвор. 
– Јужна Австралија – $50000, 3 месеци затвор 
– Тасманија – $13000, 2 год. затвор. 
ДЕМОНкратија.

Не е точно дека во Австралија има забрана за протести. Точно е дека е донесен нов закон во кој се воведуваат некои ограничувања за тоа дека протестите ќе може да се спроведуваат на одреден начин. Не смее несовесно да се попречува јавно место. На пример, демонстрантите кои ги попречуваа или се мешаа во операциите за бербата на дрво може да се соочат со затворска казна до 12 месеци или парична казна од 21 илјади долари. 

Паричните казни се однесуваат за протести кои се насилни и кои се нарушувачки, како, на пример, протестите спроведени на начин што се нарушуваат основните демократски принципи.

Четворица активисти за прашања за климата, се уапсени зашто оштетиле имот, и фрлале со канти боја на згради.

Владата на Австралија вели дека нема промени во фундаменталните права на протест.

Сè што сака да направи владата е да го реши проблемот со луѓето кои неказнето и постојано го прекршуваат законот, неразумно ги затвораат градовите и не плаќаат казни.

….Законот кој се однесува на човековото право на протест во Јужна Австралија е Законот за јавни собири од 1972 година. Нема никакви промени во однос на тоа право, изјави премиерот на Јужна Австралија, Питер Малинаускас.

Тој ги отфрли сите критики дека со законот ќе се наруши базичното право на јавен протест.

Јас би направил сè за да осигуриме дека луѓето имаат право да се собираат, мирно да протестираат против која било влада. Но, во случајов не разговараме за протестирање или демонстрирање на законски начин, ова е на сосема незаконски начин, на начин кој ја компромитира безбедноста на другите луѓе. Кога протестите почнуваат значително да го компромитираат животот на другите луѓе, нивната можност да стигнат на работните места, службите на итната помош да не може да стигнат кај пациентите, тогаш сметам дека има потреба владата и парламентот да одговорат, додаде Малинаускас.

Тој го коментираше и случајот кога 69 годишна активистка, висеше од мост во Австралија во знак на протест, поради што сообраќајот со часови беше во застој, луѓе не можеа да стигнат на лекар итн. Тој рече дека и самиот марширал против војната во Ирак и бил присутен на други демонстрации, ама во ниеден од тие случаи не бил казнет со 750 долари парична казна, зашто не протестирал на незаконит начин.

Не протестиравме со такви екстремни елементи коишто ги видовме во последно време. Никој не висеше од мост што резултираше луѓе да не може да стигнат во болница, рече тој.

Премиерот на Австралија, Ентони Албанез во врска со новиот закон изјави:

Многупати сум марширал и сум сигурен дека и другите членови на политичките партии го правеле истото. Важно е на луѓето да им се дозволи да ги искажуваат своите ставови. Но, кога гледам слики од луѓе како фрлаат храна и кофи со боја на различни места, уништувајќи уметнички дела, на пример, само одмавнувам со главата и си мислам, како може тоа да помогне во изразувањето на нивните погледи… Секако дека е важно луѓето да можат да ги искажуваат своите погледи и мислења, но е важно во исто време да не го загрозуваат персоналот на итната помош, како и да не им оневозможуваат на сите останати да ја завршат својата работа.

Поради сите горенаведени факти, постот што го рецензираме го оценуваме како невистинит. Не е вистина дека во Австралија се забранети јавните протести, туку доуредени се начините за тоа како тие може да се спроведуваат, за да не се предизвикува уништување на јавните добра, да не се блокираат итните функции на општествениот живот (итна помош, болници, застој во сообраќајот) и казните се однесуваат само за екстремни случаи на попречување на јавниот живот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...