fbpx

Не е точно дека вакцината против ковид за бебиња подразбира нивно жртвување

-

Во текстот на Дејли Мејл, за којшто во постот нема линк за да се пристапи, се вели дека Обединетото Кралство ги одобрило вакцините против ковид за бебиња и дека медицински професионалци утврдиле дека помала доза од вакцината на Фајзер е безбедна и ефикасна за деца постари од 6 месеци. Оттаму, не е вистина дека вакцините против ковид-19 за бебиња подразбира нивно жртвување. Вакцините се одобрени од страна на медицински агенции врз основа на медицински докази од спроведени студии, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој се споделува фотографија од наслов на Дејли Мејл во кој се вели дека Обединетото Кралство ги одобрува вакцините против ковид за бебиња.

Уште повеќе жртви за Молок, пишува авторот на постот.

Молок е име кое се јавува кај различни хебресјки и арапски зборови кои се однесуваат на кралеви и може да биде синоним за Бог или име за конкретен облик на жртвување деца.

Меѓутоа во текстот на Дејли Мејл, за којшто во постот нема линк за да се пристапи, се вели дека Обединетото Кралство ги одобрило вакцините против ковид за бебиња и дека медицински професионалци утврдиле дека помала доза од вакцината на Фајзер е безбедна и ефикасна за деца постари од 6 месеци. Вакцината против ковид-19 на Фајзер во помала доза, е одобрена за деца под 5 години во Обединетото Кралство. Регулаторот за лекови на Обединетото Кралство оценила дека таа вакцина ги исполнува стандардите за безбедност, квалитет и ефикасност.

Дозата која е одобрена е специјална доза од Фајзер. Агенцијата за лекови на Британија, која што ги надгледува безбедноста на лековите, ја донело оваа одлука по разгледување на податоците од клиничко тестирање. Повеќе од 4500 новороденчиња примиле доза од 3 микрограми од вакцината. За споредба, возрасните во Британија добиваат доза која е десет пати посилна. Повозрасните деца добиваат доза до 10 микрограми во Британија. Помалите дози се даваат на мали деца за да се избегнат компликации како миокардитис, ретка компликација која се појави на почетокот на вакциналната кампања. Вакцините се примаат на истиот начин како кај возрасните – со аплицирање на три инјекции во рамото. Првите две дози се даваат во растојание од три недели. Третата доза се администрира барем два месеца по втората.

Од Агенцијата за лекови и медицински средства на Британија, според текстот на Дејли Мејл, изјавиле дека вакцината предизвикува вообичаени нуспојави, како што се очекува во таа возрасна група. Комисијата за лекови даде мислење да се одобри вакцината, откако ги разгледа медицинските докази. Сепак, посебна владина група, наречена Комитет за вакцинација и имунизација одлучува под кои услови ќе се дава вакцината, како на пример кај деца кои се ранливи на ковид-19 и имаат специфични состојби како на пример дијабетес тип 1. Портпаролот на агенцијата изјави дека по одобрувањето на вакцината на Фајзер за деца од 6 месеци до 4 години, сега дополнително ќе се усогласуваат и препораките.

Истиот панел кој се состои од најдобрите имунолози во земјата, препорачува децата од 5 до 11 години да примат две дози од фајзеровата вакцина на растојание од 12 недели, но посочува дека нивната вакцинација не е итна, пишува Дејли Мејл.

Агенцијата за храна и лекови на САД исто така ги одобри вакцините против ковид-19 коишто ја таргетираат омикрон варијантата за бебиња постари од 6 месеци, под точно определени критериуми.

Поради сите горенаведени факти оценуваме дека не е вистина дека вакцините против ковид-19 за бебиња се нивно жртвување. Вакцините се одобрени од страна на медицински агенции врз основа на медицински докази од спроведени студии.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...