Не е ништо ново дека владите се задолжуваат и кај домашните кредитори за тековно работење

Доколку не се наведат сите други релевантни информации поврзани за некакво задолжување или пари, информациите што се комуницираат со јавноста се во најмала рака недоследни. Токму такво е едно од соопштенијата на партијата СДСМ

-

Вистиномер пишува дека СДСМ излезе со соопштение/изјава во врска со задолжувањето од страна на Владата, при што може да се констатира недоследност:

Нови 200 милиони евра задолжувања-власта товари нови долгови врз грбот на граѓаните

Покрај кредитот од Унгарија од 500 милиони евра, за кој веќе тече камата а парите не се реализирани, владата на Мицкоски и ДПМНЕ се задолжува интензивно на сите страни. Нови над 200 милиони евра долгови власта натовари на грбот на граѓаните за само неколку месеци.

Пред само десетина дена власта се задолжи со 128 милиони евра преку државни записи и обврзници. Претходно кон крајот на октомври 2024 година кај домашните кредитори власта се задолжи со уште едно големо задолжување од 73,7 милиони евра…

 

[Извор: СДСМ – Соопштение/веб: датум – 20.01.2024]

 

Образложение:

Комуникацискиот став на СДСМ со јавноста е недоследен затоа што има голема фалинка – не е наведен контекст, односно информацијата со бројките кои се наведени во неа лебди во воздухот.

Имено, станува збор за материја – задолжување на државата, која има свои закономерности што ги пропишува економската наука, која се однесува на сите политики што ги спроведува државата/владата.

Во бројките што ги наведува СДСМ не постои контекстот за 500-те милиони долари од унгарскиот кредит, туку само информацијата дека  „веќе тече камата, а парите не се реализирани“, што е исто така во најмала рака полувустинито. Имено, познато е дека со тие 500 милиони долари ќе се финансираат проекти од инфраструктурно значење во локалната самоуправа, како и ќе се делат во форма на кредити за потребите на бизнисот. Според информацијата што вчера ја презентираше министерот за локална самоуправа Златко Перински, повеќе од 200 договори за јавни работи веќе биле потпишани од 288-те проекти со кои општините аплицираа на првиот повик при крајот на минатата години. Министерот исто така најави, дека вториот повик се очекува на почетокот на февруари, откако на 27 јануари Владата ќе го утврди рокот и условите.

Но, тоа го нема во соопштението на СДСМ, со што се исфрла контекстот на информацијата за задолжувањето, исто како што нема ни тоа дека комерцијалните банки веќе се договорија со државата под кои услови ќе ги пласираат кредитите наменети за бизнисот и се очекува нивно стартување во секој момент. Сите овие информации го покриваат првиот заем од Унгарија од 500 милиони евра даден на 15 години со ниска камата и добар грејс период.

Во соопштението на СДСМ нема ниту информација за што се направени задолжувањата од 128 и од 73 милиони евра од октомври 2024 до почетокот на јануари 2025 година. Но, треба да се нагласи дека секоја влада за потребите на своето тековно работење или покривање на буџетскиот дефицит користела такви форми на задолжување. Тоа често го користеше и претходната влада, а го користеше дури и техничката влада лани во мај во висина од 35 милиони евра.

Така што, информациите за унгарскиот кредит од 500 милиони евра се нецелосни и го нема контекстот, исто како и информациите за задолжувањата од 200 милиони кај домашните кредитори за тековно работење и ликвидност на Владата и државните институции.

Она што недостасува се и информациите за вкупната задолженост на државата, колку се во исто време надворешните побарувања – релевантни информации за да се процени дали некој се задолжува многу или малку.

Исто така, нема информација дека државата редовно се задолжува за да се раздолжи, како што е фактот дека вториот унгарски кредит од 500 милиони евра е земен и е веќе употребен за раздолжување од парите од еврообврзницата што државата ги зела во 2018 година, а чиј рок за отплата завршува во јануари годинава. Како што при крај на минатата година веќе објавија медиумите,:

Според министерството за финансии во следните пет години Владата ќе треба да врати 6 милијарди евра на домашните и странски кредитори. Следната година доспева долг од 1,23 милијарди евра, во 2026 г. ќе треба да се вратат 1,26 милијарди евра, 2027 г.-  1,25 и во 2028 над 1,5 милијарда евра.

Според погоре наведените аргументи, соопштението/изјава од СДСМ за тоа дека власта со 200 милиони евра нови задолжувања ги товари граѓаните е недоследно, затоа што нема никаков контекст.

Извори:

 

Оцени: Теофил Блажевски

Љутков: Културата и европските престолнини на културата се моќен двигател за одржливиот развој

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков учествуваше на Состанок на министрите за култура од Западен Балкан. На состанокот на кој присуствуваа и еврокомесарите за проширување и за меѓугенерациска правичност, млади, култура...

Детектор анкета: Мерките за замрзнување не даваат ефект, граѓаните ги обвинуваат маркетите за инфлацијата

Само 16 проценти од граѓаните можат целосно да си ги покријат месечните трошоци за живот, покажува анкетата која за емисијата Детектор на Сител ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје. Третина...

Парламентарни избори во Косово

Во Косово денеска се одржуваат парламентарни избори, на кои граѓаните ќе можат да гласаат во 941 избирачки центар и 2,533 гласачки места. Косовските граѓани во дијаспората гласаа вчера во 30 дипломатски претставништва,...

Истрага против дилер на дрога во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 46-годишен скопјанец осомничен за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни сустанции и прекурсори по...

Љутков: Културата и европските престолнини на културата се моќен двигател за одржливиот развој

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков учествуваше на Состанок на министрите за култура од Западен Балкан. На состанокот на кој присуствуваа и еврокомесарите за проширување и за меѓугенерациска правичност,...