fbpx

НБРМ: Неизвесни се последиците од корона вирусот врз домашната економија

-

„Последните макроекономски показатели во домашната економија главно се движат во согласност со очекувањата, но ризиците од окружувањето стануваат се понагласени. Новата вирусна инфекција, Ковид – 19 се одразува врз глобалната економија, а нејзините економски ефекти во целина се уште се неизвесни и зависат од времетраењето и силината на овој неочекуван шок, што е од неекономски карактер. Народната банка ќе продолжи со внимателно следење на трендовите и потенцијалните ризици од окружувањето, заради соодветно приспособување на поставеноста на монетарната политика“, соопштија од Народната банка, по одржаната седница на Комитетот за оперативна монетарна политика.

Покрај другото, било констатирано дека нема промени во монетарната поставеност што се заснова на поволните движења во домашната економија, кои се во рамки на очекувањата, но при истовремено значително зголемување на ризиците и неизвесноста за глобалната економија, предизвикани од новата вирусна инфекција Ковид -19.

„Официјалните податоци за БДП за четвртото тримесечје од 2019 година покажуваат солиден економски раст од 3,4 отсто на годишна основа, со што реалниот раст во 2019 година достигна 3,6 отсто. Тоа е поттикнато од домашната побарувачка, чиј двигател се бруто-инвестициите, а значаен позитивен придонес е забележан и од личната потрошувачка. Растот на компонентите на побарувачката и извозот придонесоа за раст и на увозот, со што нето-извозот има негативен придонес кон вкупниот економски раст“, стои во соопштението од НБРМ.

Во февруари, ширењето на корона вирусот надвор од Кина, ја зголеми загриженоста на инвеститорите на меѓународните финансиски пазари од негативните ефекти врз глобалниот економски раст. Во такви услови, тие вложуваа во посигурни финансиски средства (злато и државни обврзници) чии цени бележеа пораст, при истовремен значителен пад на цените на акциите на берзите. Народна банка навестува дека ќе ја следи променливоста на меѓународните финансиски пазари и ќе ги оценува нивните ефекти врз домашната економија, а по потреба ќе презема мерки.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Атлантик: Со среќа во борбата против дезинформации

Угледниот американски магазин Атлантик објави опширен напис, во авторство на Квинта Џуресик, со наслов „Со среќа во борбата против дезинформациите“. Сторијата се однесува на Ник Сојер, доктор во Калифорнија....