fbpx

НБРМ: Финансискиот систем успешно им одговори на минатогодишните предизвици од корона-кризата

-

Финансискиот систем успешно им одговори на минатогодишните предизвици од корона кризата, информираат од Народна банка по одржана седница на Комитетот за финансиска стабилност.

„Високите регулаторни барања во периодот пред појавата на корона вирусот и минатогодишните регулаторни мерки придонесоа за натамошното одржување на неговата стабилност, како и за негова подготвеност за натамошни предизвици. Имајќи предвид дека здравствената криза сѐ уште трае, регулаторите и натаму со особена внимателност ќе ги следат состојбите, приспособувајќи ги своите мерки и пристап заради превентивно делување за натамошно јакнење на финансиската стабилност, а со тоа и на отпорноста на системот на шокови,“ информираат од Народна банка.

Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска оцени дека банкарскиот систем, во услови на исклучително непредвидлив амбиент, успеал да го одржи кредитниот циклус остварувајќи кредитен раст од 4,7 отсто, којшто беше финансиран од солидниот депозитен раст од близу 6 отсто.

„Имајќи предвид дека сѐ уште постои неизвесност од здравствената криза и нејзиното влијание врз реалниот сектор, неопходно е претпазливо однесување и постојано следење на можните неповолни преносни ефекти од реалниот врз банкарскиот сектор преку каналот на кредитен ризик,“ рече Ангеловска-Бежоска.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...