fbpx

НБМ: Расте инфлацијата, паѓа индустриското производство

-

Во април, базичната инфлација е повисока за 0,5 отсто на месечна основа (наспроти малото намалување во март), а ист толкав пораст е регистриран и на годишна основа, што претставува прва позитивна годишна промена на базичната инфлација од август 2014 година, се вели во јунскиот извештај на Народна банка.

Според објаснувањето во извештајот, априлскиот пораст во голема мера е поттикнат од цените на тутунот и на фармацевтските производи, при позначително надолно влијание од падот на потрошувачките цени на комуникациите.

Индустриското производство во април бележи минимален годишен пад од 0,9 отсто што се должи на намаленото производство на тутун, градежни материјали и пијалаци, додека позначајно зголемување имаше кај производството на машини и на уреди, преработки од дрво, како и кај активноста поврзана со производство на прехранбени производи.

За разлика од индустријата, кај домашната трговијата во април има реален годишен пораст кај сите видови трговија.

Послаба динамика на пораст има кај кредитирањето на населението, а забележан е и минимален мал пад на пензиите, пад на приходите од ДДВ и на производството на стоки за потрошувачка.

Показателите за инвестициите во април упатуваат на натамошен пораст на инвестициската активност во вториот квартал при пораст на домашното производство на капитални производи, забрзување на зголемувањето на кредитите на претпријатијата, додека државните капитални инвестиции бележат намалување.

Податоците за надворешната трговија со стоки за април 2015 година упатуваат на изгледи за проширување на дефицитот во второто тримесечје.

Податоците за април 2015 година, во најголем дел, упатуваат на продолжување на порастот на економската активност.

– Сепак, треба да се нагласи дека овие оцени се базирани врз мошне мал број расположливи податоци. Домашните неекономски фактори поврзани со политичката состојба во земјата, кои особено беа актуелни во второто тримесечје од годината, дополнително ја зголемуваат неизвесностa околу оцените за економската активност во вториот квартал – се наведува во извештајот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Без ниту еден доказ се обвинува НАТО, ИСИС и Ал Каеда за петкратното убиство на Смилковско Езеро

Во објавата што ја рецензираме произволно се тврди дека ЦИА ја креирале Ал Каеда и ИСИС и дека НАТО стои зад масакрот на Смилковско Езеро. За ова не се...