fbpx

Наумов: За седум дена Миноски го зголеми јавниот долг за 12,7 милиони евра

-

Министерот за финансии со последните две аукции го зголеми јавниот долг за нови 12,7 милиони евра, се вели во реакцијата на дополнителниот заменик-министер за финансии, Кире Наумов, по повод денешното задолжување од 31 милион евра.

– Кирил Миноски изминативе седум дена ги задолжуваше граѓаните со 1,8 милиони евра на ден, што е далеку од приближување на нето-долгот кон нула на неделна основа, како што тврдеше. Ова власт зад себе ќе остави 5 милијарди евра долг на товар на граѓаните – се вели во реакцијата на Наумов.

На аукција на државни хартии од вредност, Министерството за финансии се задолжи 31 милион евра на домашниот пазар.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

МВР: Гласачки ливчиња се фотографирале и во Штип и Сопот

Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти за нови случаи во кои се фотографирале гласачки ливчиња во текот на денешното гласање. Во 14 часот било пријавено дека на избирачко место во...