fbpx

Наумов: Ново задолжување без моја согласност

-

Дополнителниот заменик-министер за финансии, Кире Наумов, изјави дека без негова согласност Министерството за финансии донело одлука за нова аукција на домашниот пазар за хартии од вредност, која треба да се одржи утре.

– И по донесувањето на одлуката на Управниот суд на Република Македонија со која тој ја прифати мојата тужба и со која де факто се поништи одлуката на Државната изборна комисија (ДИК), министерот за финансии, Зоран Ставрески, распиша нова аукција на домашниот пазар за хартии од вредност, која треба да се одржи утре. И оваа одлука за распишување аукција на домашниот пазар е донесена без согласност од дополнителниот заменик-министер за финансии – изјави Наумов.

Тој потсети дека од 22 декември, кога е поднесена тужбата до Управниот суд, Министерството за финансии знаејќи дека одлуката може да биде оспорена, распишало пет, а одржало четири аукции на домашниот пазар на хартии од вредност, со што државата се задолжила со 78 милиони евра.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Доналд Туск: Во ризик сме од војна, Европа не е подготвена

Полскиот премиер Доналд Туск изјави оти смета дека постои огромен ризик од војна и оти никој во Европа нема да се чувствува безбедно доколку Русија победи во Украина, пренесува...