Наумов: Министерот за финансии ја прекрши постапката за утрешната аукција

-

Министерот Ставрески на 29 јануари, соочен со рекордниот износ на јавниот долг од 4,224 милијарди евра, свесен за состојбата на државната каса, ги прекрши Законот за јавен долг и подзаконските акти што ги регулираат начинот и постапката за издавање и за исплата на државни хартии од вредност, реагира дополнителниот заменик-министер за финансии, Кире Наумов, во врска со закажаната аукција на домашни хартии од вредност за утре.

– Во правилникот за начинот и за постапката за издавање и за исплата на хартии од вредност, најдоцна до 14 часот во работниот ден, четири работни дена пред денот на одржување на аукцијата, се дефинира проспектот за аукција на државни записи и/или проспектот за аукција на државни обврзници и преку електронскиот систем се доставува до агентот (Народна банка на РМ). Министерот Ставрески ги дефинираше проспектот за аукција на државни записи и проспектите за аукција на државни обврзници за аукцијата закажана на 29 јануари за 2 февруари, односно три работни дена пред денот на одржување на аукцијата – се вели, меѓу другото, во соопштението од дополнителниот заменик-министер за финансии, Кире Наумов.

Тој најавува жалба до Државна комисија за одлучување во управна постапка и постапка при работен однос во втор степен, со која ќе го оспори одржувањето на аукцијата утре поради прекршување на постапката од страна на министерот за финансии.

Владата ќе ги оценува медиумите и новинарите дали објавуваат позитивни, негативни или неутрални вести

Владата преку тендер бара фирма која ќе треба да изработи софтвер за оцена на медиумското влијание, со претходен мониторинг на сите медиуми, вклучувајќи и онлајн и печатени медиуми, како и социјалните...

Новото аниме од серијалот Вичер насловено „The Witcher Sirens of the Deep“

Нетлфикс неодамна го издадоа новиот аниме серијал од универзумот на „The Witcher“ со наслов „The Witcher Sirens of the Deep“, коешто не се сложува целосно со приказните од книгите. Имено, анимето е...

Трошоците на градоначалниците од Полошкиот регион: Над 47 илјади евра за патни трошоци и службени патувања за само три години

Градоначалниците на општините од Полошкиот регион од 2022 до 2024 година за патни трошоци (гориво, патарини) и службени патувања потрошиле вкупно 2.946.717 денари или над 47 илјади евра. Порталб.мк преку Законот...

МВР го приведе, па го пушти на слобода насилникот кој крвнички тепаше жена

Откако стана вирално видеото на кое се гледа и слуша како маж на лајв стрим на ТикТок тепа жена, Министерството за внатрешни работи го приведе насилникот, за кој е потврдено дека...

Владата ќе ги оценува медиумите и новинарите дали објавуваат позитивни, негативни или неутрални вести

Владата преку тендер бара фирма која ќе треба да изработи софтвер за оцена на медиумското влијание, со претходен мониторинг на сите медиуми, вклучувајќи и онлајн и печатени медиуми, како...