„Наука за деца“ до 20 октомври очекува едноминутни видеа од најмладите на тема наука

Photo by George Milton from Pexels

„Наука за деца“ објави повик до најмладите од земјава за изработка на едноминутни видеа на македонски јазик на тема наука. Тие бараат да се направи видео во кое на кул начин ќе се објасни некој научен концепт (закон, правило или експеримент), по што едноминутното видео треба да се објави на било која социјална мрежа со хаштаг #НаукаЗаДеца до 20 октомври, додека мејл со линк до објавеното видео треба да се испрати на електронската пошта: [email protected].

Организаторите велат дека едноминутното видео треба да претстави научен концепт, но и да има момент на забава, досетливост и хумор.

За најдобрите видеа ќе следуваат награди, и тоа прва награда: Notebook Samsung Chromebook 4 Plus N4000; втора награда: Tablet PC Samsung Galaxy Tab A7 Lite T225; трета награда: Слушалки Samsung Buds+. Специјална награда за популарност на едноминутното видео на ТикТок е Nintendo Switch.

Научниците од тимот на „Наука за деца“ детално ќе ги разгледаат сите видеа што ќе учествуваат на натпреварот и ќе ги рангираат според критериуми. На 25 октомври ќе бидат објавени добитниците на наградите.