Научно докажано (лошото) влијание на Фејсбук?

Неодамна е објавен извештајот за социјалната мрежа Фејсбук спроведена врз студенти од Тексас. Во ова истражување учествувале две групи студенти од кои едната група престанала да користи Фејсбук на една недела, а другата група продолжила со вообичаеното користење.

Истражувањето открива дека оваа социјална мрежа има голем ефект врз дознавањето на вести, депресивноста и дневните активности на индивидуата.

Лицата кои не користеле Фејсбук биле попродуктивни, купувале помалку готова храна, потрошиле помалку пари и дознале помалку вести. Фактот дека овие лица дознале помалку вести укажува на тоа дека луѓето најчесто не бараат други извори преку кои би можело да добијат вести за што се случува околу нив, што е загрижувачки со оглед на историјата на Фејсбук со ширење на лажни вести.