fbpx

Научник од Оксфорд: Во моментов се тестираат 69 лекови против корона вирусот

-

Не постои режим на исхрана во светот што може да ве направи имуни на корона вирусот. Сепак, се препорачува здрава исхрана која би му помогнала на вашиот имунолошки систем, вели Детина Зали, научник и професор на Универзитетот во Оксфорд, која што во моментов со група научници од Универзитетот Харвард и МИТ работи на детални истражувања. Во изјава за „Порталб.мк“, Зали посочи дека во моментов научниците тестираат 69 лекови против вирусот.

Професорката од Универзитетот во Оксфорд ни ја објасни научната дефиниција на „Ковид-19“, и спомена многу други вируси од истата група, но, според неа, тие значително се разликуваат во вирулентноста и вклучуваат вообичаени настинки.

– Ковид-19 е дел од вирус кој припаѓа на семејството корона. Овие вируси се завиткани во надворешни протеини и се слични на круната и затоа се нарекуваат корона вирусни. Токму овие корони (круни) го заштитуваат вирусот на некој начин и го прават вирусот да остане на мукозните мембрани во воздухот и на површината неколку дена. Затоа се опасни. Сепак, постојат многу такви вируси, но тие значително се разликуваат во вирулентноста и вклучуваат обична настинка, грип, детска парализа, сипаници, хепатитис Ц и Е, вирусот ебола и така натаму – објасни Детина.

Покрај научниците и лекарите, во борбата против овој вирус може да се вклучат и обичните, но и многу моќни луѓе. Ова најдобро го објаснува Зали, и според неа, голем дел од одговорноста е реално во наши раце.

– Важно е да ја одржуваме хигиената, да се изолираме и ако покажеме симптоми треба да се тестираме, мобилните телефони и другите работи треба да се бришат со 70 отсто алкохол. Во однос на имунолошката заштита, во светот не постои диета која може 100 отсто да ве заштити од овој вирус, сепак се претпочита здрава диета која ќе му помогне на имунолошкиот систем, збогатена со зеленчук и овошје како портокали, лимони, брокула, карфиол и марула, да се консумира што е можно повеќе супа и протеини како пилешко месо – вели Детина Зали, и повторува дека нема храна што не прави потполно имуни на вирусот.

Таа ги објасни и научните причини зошто овој вирус е поопасен од другите.

– Вирусот Ковид-19 е поопасен од другите вируси, бидејќи симптомите се појавуваат многу подоцна од САРС, што значи дека луѓето честопати го пренесуваат вирусот на другите, без да знаат дека тие самите се заразени – вели таа.

Исто така, овој вирус многу лесно се активира од ензимот Фурин, што се наоѓа во наши ткива во големи количини. Научниците во моментов тестираат 69 лекови против вирусот, вклучително и Хлорокин, којшто најчесто се користи за лекување на маларија, Халоперидол, којшто се користи за лекување на шизофренија, Метформин, којшто се користи за лица со дијабетес тип 2 и слично, истакна Детина Зали.

Во врска со времетраењето на производството на вакцини, Детина рече производството не почнува зашто тие како научници не сакаат да го забрзуваат процесот, туку затоа што искуството покажува дека ако вакцината не е добро проверена, истата би можела да предизвика повеќе штета отколку добро.

– Компанијата „Модерна“ во Бостон, ја започна првата фаза на клинички испитувања на првата вакцина. Дури и ако е многу успешна, за да се произведе и стане достапна на луѓето е потребно време, се смета за 14-18 месеци – посочува таа.

За ризикот од враќање на вирусот, таа не ја исклучува можноста, но додаде дека нема да се врати кај пациенти кои некогаш го имале вирусот. Според Детина, овој вирус нè учи секој ден дека не сите работи можат да се контролираат и дека понекогаш одговорноста е поважна од самата слобода.

– Врз основа на научни докази, можам сосема сигурно да кажам дека овој вирус нема да биде вратен на лица кои некогаш го поминале истиот, со оглед дека човековото тело произведува антитела против вирусот и во овој случај против Sar Cov2 што го предизвикува Ковид-19 треба теоретски да го елиминира вирусот веднаш ако се сретне по втор пат – рече  Зали.

Инаку, Детина во моментов работи со тим научници од најдобрите универзитети и лаборатории во светот, вршејќи детални истражувања засновани на најновите лабораториски наоди со цел да ги едуцираат другите научници. Таа е една од најдобрите тренери на научници во светот за развој на вакцини или развој на брзи дијагностички тестови.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...