Научниците открија како магнетното поле околу црната дупка создава спирални траги

Фото: EHT / ESO Collaboration

Сликата од сенката на црната дупка стана уште поинтересна откако истражувачите додадоа поларизирана светлина на сликата, претставувајќи како магнетните полиња околу супермасивната црна дупка создаваат моќни траги на материјата.

„Овој процес на траги е потполно неверојатен, нешто со големина на нашиот Сончев систем може да испушти млаз што пробива низ цели галаксии. Сега за првпат навистина го гледаме магнетното поле близу до црната дупка и тоа го поврзува со овој млаз, што е најмоќниот процес во универзумот“, вели Сара Исаун, член на тимот на ЕХТ (The Event Horizon Telescope) на Универзитетот „Радбуд“ во Холандија.

Исаун вели дека досега немало многу информации за вистинската физика на гасот околу црната дупка, а гледајќи го тоа во поларизирана светлина, се добива информации за магнетното поле на црната дупка.

ЕХТ користи мрежа од осум телескопи низ целиот свет за да ја претвори Земјата во еден џиновски радиотелескоп, што овозможи досега невиден преглед на супермасивната црна дупка во центарот на галаксијата М87, оддалечена 55 милиони светлосни години. Првата фотографија од црната дупка беше објавена во 2019 година.

Светлината што ја снима EХT се емитува од електрони кога тие забрзуваат по должината на магнетните полиња, а поларизацијата на светлината зависи од насоката на магнетното поле.

Користејќи мерења на поларизираната светлина во близина на црната дупка М87, тимот на ЕХТ откри дека јачината на магнетното поле е помеѓу 1 и 30 гаус. Ова е околу 50 пати поголема од јачината на магнетното поле на Земјата, мерено на половите на планетата, каде што е најсилно.

„Поларизираната светлина ги има овие криви свиоци како спирала. Ова ни кажува дека магнетното поле околу црната дупка е подредено, и ова е навистина важно затоа што само подредено магнетно поле може да остава траги“, појаснува Исаун.

Некои црни дупки, вклучувајќи ја и онаа во М87, исфрлаат огромни траги на материја, но како точно го прават тоа, одамна е мистерија. Истражувачите сметаат дека трагите се прават и се обликуваат од магнетни полиња, но засега доказите се ограничени.