Научници од НАСА откриваат дека водата на Марс течела подолго време од она што досега се знаеше

Фото: Твитер профил на НАСА

Пред милијарда години на планетата Марс пртоекувале реки, што наведува на потенцијалот за развивање на на живеалишта за микробиолошки живот. Со текот на времето и намалувањето на атмосферската обвивка, водата почнала да испарува оствајаќи денес замрзната пустина што извиднувачкиот орбитер поставен на Марс од НАСА ја проучува, пишува на официјалната страна на Национална аеронаутичко-вселенска управа.

„Се верува дека водата од Марс испарела пред 3 милијарди години. Но, двајца научници проучувајќи ги податоците што ги насобра извиднувачкиот орбитер (МRO) во последните 15 години, пронајдоја докази за намалувањето на досега знаениот временски период, односно нивното истражување открива знаци на вода во Црвената планета во поскоро време, 2 или 2,5 милијарди години, што значи дека водата течела на Марс милијарда години подолго од досегашните временски мерења“, информираат од НАСА.

Формата на одредени котлински мрежи асоцираше на тоа дека толку скоро имало вода таму, а депозитите на сол го дадоја првиот доказ за постоење на минерали што го потврди постоењето на водата во течна состојба. Откриетието поттикнува нови прашања за времетраењето на микробиолошкиот живот на Марс, доколклу истиот би се формирал. Барем на Земјата, каде што има вода има и живот.

„Прекрасно е што после деценија од произведување на фотографии во висока резолуција, стерео, инфраред базирани податоци, извиднувачкиот орбитер донесе нови откритија за природата и времето на постоење на овие езерца поврзани со некогашните реки“, изјавила Бетани Елман, заменик на главниот истражувач во истражувачката програма за Марс од НАСА.

До овие најнови податоци први дошле Елман и Елен Лиск која истражувала за нејзиниот докторски труд на Институтот за технологија во Калифорнија – Catlech во Пасадена, Калифорнија.