fbpx

НАТО со повеќе од 40 научни трудови за справување со пандемијата на ковид-19

-

Повеќе од 40 научни трудови за справување со различни аспекти на пандемијата на ковид-19 подготвила мрежата научници на НАТО во минатите три месеци во рамки на програмата на Алијансата за соработка во науката и технологијата. По повикот на Главниот научник на НАТО за наоѓање решенија за најголемите научни предизвици на ковид-19, научниците доставиле студии, меѓу другото, за тоа како подобро да се разбере и да се справи со дезинформациите за пандемијата, како да се одржат здрави војниците вклучени во сузбивање на пандемијата и поддршка на цивилните институции, примена на алатките на НАТО за научни анализи, примена на технологијата во обука за справување со пандемијата, лекции кои националните одбранбени системи ги научиле од пандемијата, но и етичката димензија на воената поддршка во сузбивање на пандемијата.

– Имаме масивен одговор од сојузничката мрежа научници. Тоа покажува дека научниците брзо одговараат на предизвиците од ковид-19 и ја применуваат нивната научна експертиза во оваа витална задача – изјави д-р Брајан Велс, главниот научник на НАТО.

Се очекуваат уште студии, меѓу кои и неколку кои се подготвуваат во Центарот на НАТО за поморски истражувања и експериментирање.

Д-р Велс на 21 април упати барање до мрежата на НАТО од 6.000 научници, најголема научна мрежа во светот, и до Лабораторијата на НАТО во Ла Специја, Италија. Во фокусот на истражувањата се решенија за откривање на вирусот, зголемување на будноста и отпорноста и за периодот по пандемијата.

Повеќе од 5.000 научници работат со Организацијата на НАТО за наука и технологија (ОНТ), која располага со Центарот за поморски истражувања и експериментирање во Ла Специја, Италија, Канцеларијата за поддршка на соработката во Париз, Франција и Канцеларијата на главниот научник во штабот на НАТО во Брисел, Белгија.

Организацијата за наука и технологија има и класифицирана платформа за соработка каде што научници од сојузничките и партнерските земји соработуваат во справување со кризата, а Канцеларијата за поддршка на соработката ги координира релевантните истражувања, меѓу кои, во моментов, и развој на сценарија за итна медицинска нега, проекти за намалување на животниот век на вирусите и ласерско тестирање за присуство на вирусот САРС-КоВ-2 на примероци од плунка.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...