fbpx

НАТО ја повика Русија веднаш да ја сопре војната, Столтенберг загрижен за употреба на хемиско оружје

-

Руската инвазија на Украина е најголемата безбедносна криза на една генерација, но ние стоиме обединети да ја одржиме Алијансата силна и нашите граѓани безбедни, порача Генералниот сектар на НАТО, Јенс Столтенберг на прес-конференција за вонредниот самит на НАТО што е посветен на војната во Украина.

Претходно, на самитот, лидерите на членките на НАТО ја повикаа Русија веднаш да ја прекине војната против Украина.

Генералниот секретар на НАТО на прес-конференцијата потврди дека членките на Северноатлантската алијанса се договориле за разместување на дополнителни 40.000 војници во источното крило на НАТО. Четири нови борбени групи ќе бидат испратени во Словачка, Унгарија, Романија и Бугарија.

Тој рече дека на копно ќе се распоредат многу повеќе сили, во поголема состојба на готовност. Но и во воздух ќе бидат употребувани повеќе воени авиони, а на море повеќе јуришни групи пловила, подморници и јуришни бродови на долг рок.

Столтенберг на прес-конференцијата искажа загриженост за употреба на хемиско оружје од страна на Русија. Како што рече тој, загрижен е од обидите на Русија да ги обвини Украина и нејзините партнери за подготовка за употреба на хемиско оружје, велејќи дека обвинувањата се поставување основа за самата Русија да го направи тоа.

„Каква било употреба на хемиски оружја целосно ќе ја измени природата на конфликтот, а таа исто така ќе биде грубо прекршување на меѓународното право“, порача Столтенберг, велејќи дека хемиско оружје би нанело штети не само на Украинци, туку и на жители на членки на НАТО.

Според Столтенберг, инвазијата на Украина што ја нареди Путин ја измени за долг рок „нашата безбедносна средина“, но НАТО е подготвен за „долга трка“.

Генералниот секретар на НАТО порача и дека сојузниците на НАТО ги координираат напорите во поглед на енергетска безбедност, што вклучува и имање повеќе разни извори на достава и намалување на зависноста од руските нафта и гас.

Според Столтенберг, се зајакнува и кибер-одбраната, а НАТО ќе им помогне на Украинците да се борат против „биолошки, хемиски, радиолошки и нуклеарни закани“.

Инаку, водачите на НАТО денеска го продолжија мандатот на Столтенберг како Генерален секретар на НАТО на уште една година.

Претходно, во декларацијата од вонредниот самит, лидерите на НАТО повторно ја осудија руската агресија на Украина.

„Украинците го инспирираа светот со својот херојски отпор на бруталната освојувачка војна на Русија. Силно ги осудуваме руските опустошувачки напади врз цивили, вклучително жени, деца и лица во ранлива состојба. Ќе работиме заедно со остатокот од меѓународната заедница за да ги држиме во одговорност оние што се одговорни за прекршувањата на хуманитарното и меѓународното право, вклучително и воени злосторства“, порачаа, меѓу другото, лидерите на НАТО во декларацијата во која се дефинира распоредување на 40.000 војници во НАТО-земјите што граничат со Украина на копно или излегуваат на Црното Море.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...