fbpx

НАТО центарот за односи со јавност прераснува во центар за борба против дезинформации

-

Министерството за одбрана ќе го развие својот Регионалниот центар за односи со јавноста (РЦОЈ) во регионален НАТО-центар за борба против лажни вести и дезинформации. РЦОЈ, попознат под неговиот англиски акроним ПАРК (PARC-Public Affairs Regional Centre), од 2013 година е акредитиран од НАТО како партнерски центар за образование и обука.

„Ќе се специјализираме, во духот на концептот на „паметна одбрана“. Информациите и лажните вести, како и стратешките комуникации и односите со јавноста стануваат безбедносни прашања од највисок приоритет. Имаме искуство и знаење кое може да го понудиме и да го надградиме“, стои во програмата за работа на Владата.

ПАРК, кој постои веќе 15 години, треба да прерасне во регионален центар за борба против дезинформации и лажни вести за потребите на јужното крило на НАТО и тесно да соработува со Центарот за извонредност во стратегиски комуникации (СТРАТКОМ) во Рига, Латвија.

ПАРК е формиран со одлука на Владата во февруари 2005 година „заради интензивна едукација во областа на односите со јавноста на персоналот во министерствата за одбрана и армиите на Република Македонија, Република Албанија и Република Хрватска“, кои тогаш ја сочинуваа „Јадранската група“ земји-кандидатки за членство во НАТО, поддржани од САД. Центарот беше формиран под менторство и со поддршка од Швајцарија. Во 2009 година ПАРК стана и еден од трите регионални центри во рамки на иницијативата „Форум за безбедносна соработка на Западен Балкан“, заедно со Центарот за мировни операции (ПСОТЦ) од Сараево, Босна и Херцеговина и Центарот за атомско-биолошко-хемиска обука од Крушевац, Република Србија.

Во јуни 2013 година Северноатлантскиот совет на НАТО го прифати ПАРК како 25 партнерски центар за образование и обука и единствен специјализиран исклучиво за односи со јавноста. Денес акредитација на НАТО имаат 33 партнерски центри во 12 членки на Алијансата и 14 партнерски земји.

Во центарот досега обука минале повеќе од 1.500 припадници на војските или министерствата за одбрана од четириесетина земји.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...