Наставниците за онлајн наставата: Недостига технолошка опрема, нема интеракција, а оценувањето е проблематично

Во разговор со „Порталб“, наставници од неколку основни училишта ги објаснуваат придобивките и тешкотиите на онлајн наставата, со кои се соочиле во текот на изминатите месеци. Според нив, на почетокот било многу потешко, како за учениците, така и за самите наставници, но постепено се прилагодиле на оваа форма на учење. Најчестите тешкотии со кои се соочуваат се недостигот на технолошки алатки и интернетот што им дава причина на учениците да не присуствуваат на час, неможноста наставникот да го следи одблизу развојот на вештините на учениците, како и постапката за оценување. Сепак, според нив, и покрај тешкотиите, учењето преку интернет во време на пандемија е најдобрата можна опција што им овозможува на учениците да не заостануваат во постигнувањето на целите на наставната програма.

Хајри Ќамили, наставник по ликовна уметност, истакна дека онлајн наставата е нов и тежок предизвик. За него многу е тешко оценувањето и неможноста внимателно да се следат вештините на учениците во ликовната уметност и тие го користат „Гугл“ за да дојдат до готово решение на задачите.

„Онлајн наставата и учењето е нов и многу тежок предизвик како за учениците така и за наставниците. Често пати можете да постигнете подобар квалитет отколку во училницата, но дури и тоа само по себе има некои мали недостатоци кои се издвојуваат. На пример, за време на наставата со физичко присуство во училница, беа ангажирани скоро најактивните ученици, а по предметот ликовна уметност имавме можност внимателно да го следиме развојот на вештините. Додека со наставата во далечина имаме потешкотии кои произлегуваат токму од употребата на „Гугл“ што им овозможува на учениците да дојдат до готово решение, без да имаат можност да го простудираат начинот на анализа и решавање на темата за цртање. Исто така, голем предизвик е и оценувањето на учениците, и покрај препораките од надлежните органи, оценувањето е еден од најтешките предизвици”, истакна Хајри Ќамили, професор по ликовна уметност.

Душе Идризи, наставничка во пониските одделенија, нагласува дека првите две недели биле потешки, а сега и учениците и наставниците постепено се прилагодиле. Според неа, онлајн наставата им дала можност и на најмирните и најсрамежливите ученици да бидат поактивни. Но, од друга страна, има тешкотии за многу од нив поради кои не можат да присуствуваат на час, како што е недостиг на технолошки алатки, интернет и простории за следење на настава.

„Првите две недели беа потешки, потоа постепено учениците и ние наставниците се прилагодивме. Од една страна, онлајн наставата е добра можност затоа што секој може да научи со свое темпо, не прилагодувајќи се на другите, дури и мирните и срамежливи ученици се поактивни и ги искажуваат своите мислења, но од друга страна, не секој има пристап и еднакви можности, недостигаат технолошки алатки,  интернет мрежа, недостаток на простори за учење и многу, многу други работи. Мое мислење е дека и покрај тешкотиите, дури и со онлајн учење, може да се постигне добро ниво на квалитет, а во време на пандемија, тоа е најдобрата можна опција и варијанта “, истакна Идризи.

Ндерим Емини, наставник по физичко образование во едно основно училиште во РСМ вели дека придобивките од онлајн наставата како и ефикасноста се многу мали, а тешкотии се големи, почнувајќи од основните услови кои учениците ги поседуваат, до образложение дека не можат да бидат присутни на час затоа што не можат да бидат поврзани или немаат технолошки алатки.

„Придобивките од онлајн наставата како и ефикасноста се многу мали, затоа што можете да кажете како да сте научиле или сте одржале час, само за да се каже! Штетите по знаењето се преголеми за учениците. Се соочуваме со многу тешкотии во онлајн наставата со оваа платформа (Microsoft Teams), најнапред многу голем број ученици немаат основни услови (електронски уреди, интернет дома) и друго, а истото е со значителен број наставници. Има и такви кои се близу до пензија и не им е лесно да се прилагодат на условите што ги бара онлајн наставата. На Балканот, а особено овде во РСМ, тешко е да се одржи час со физичко присуство со постоечките услови, а не преку онлајн настава, особено сега во ова време на пандемија, кога причините за неодржување час, бегање од училиште, се различни!“, рече Емини.

Наставникот по математика, Сатки Исмаили вели дека стоењето на учениците пред дигиталните уреди за реализација на онлајн наставата ја зголемува пасивноста, додека од друга страна ја намалува инклузијата и меѓусебната интеракција. Но, според него, овој вид на учење им овозможува на учениците да не заостануваат во постигнувањето на целите на наставната програма.

„Со оглед на ангажманот на учениците во многу часови, од една страна е престојот пред дигиталните уреди, а од друга страна е небрежноста. Со други зборови, виртуелната училница е предизвик на времето и треба многу работа и посветеност за да се биде успешен. Со онлајн наставата е и објективното, формално, како и сумарното оценување преку различни работни листови, домашни задачи, квизови и електронски тестови кои се изведуваат во реално време и истовремено се проверуваат, но кои не се секогаш објективни поради неможноста за надзор од далеку и вклучување на други фактори во спроведувањето на активностите. Тоа дополнително ја зголемува можноста за објективно оценување на наставниците. Иако наставата во далечина има многу недостатоци, сепак истата ни овозможува учениците да не заостануваат во постигнувањето на целите на наставната програма “, истакнува Исмаили.

И покрај тешкотиите и предностите, онлајн наставата во РСМ и понатаму останува начинот за спроведување на наставната програма во услови на пандемија.