fbpx

Наставниците во е-дневникот мора да ги внесат само изостаноците и оценките

-

На помалку од еден месец до крајот на учебната година, наставниците мораат да си ја исполнат законската обврска да водат двојна педагошка евиденција. Сѐ што пишуваат во пишаните дневници треба да внесат и во електронските.

Од Министерството за образование и наука (МОН), за „Мета“ информираат дека пополнувањето на електронскиот дневник е обврска на наставниците регулирана со закон, но дека овојпат наставниците не треба да внесат ретроактивно сѐ што е пропуштено, туку само оценките, изостаноците и полугодишните оценки.

Системот не функционираше бидејќи се одолговлечи изборот на нова фирма што ќе го одржува системот на е-дневникот.

– Имајќи предвид дека постоеше застој во функционирањето на платформата, Министерството за образование и наука пред извесен период до училиштата достави допис со кој беше побарано наставниците да ги ажурираат само основните податоци за учениците, полугодишните оценки и изостаноците. Така што, оваа обврска за наставниците останува до завршувањето на учебната година – велат оттаму.

Во државата има 17. 887 вработени наставници во основно образование и 7.400 во средно образование. Сите пополнуваат е-дневник. Системот не функционираше затоа што МОН од април лани, кога истече договорот со старата фирма, не распиша тендер за избор на нова компанија која ќе го ажурира системот. Од пред неколку месеци, избрана е фирмата „Сорсикс”.

Преку различни здруженија на наставници на социјалните мрежи, просветните работници реагираа што им се отвори двојна работа не по нивна вина. За тоа реакции имаше и од Синдикатот за образование, наука и култура.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...