Наставници од земјава ќе учат како да применуваат нови методи во наставата

Организации од Босна и Херцеговина, Португалија, Австрија, Литванија, Романија, Турција и Северна Македонија ќе креираат стратегии и алатки за полесен пристап и користење на технологијата во основното образование, со посебен фокус на стратегии за дигитално одомаќинети ученици (digital natives), кои се веќе навикнати на користење на дигитални технологии

-

Институтот за применети истражувања за бизнис од Скопје, ќе обучува тренери кои потоа ќе ги учат нашите наставници како да им предаваат на учениците од новите генерации, кои се веќе навикнати на користење дигитални технологии. Претставници на Институтот, учествуваа во првата активност Учење-Предавање-Обука во рамките на Еразмус+ проектот „Wonder learning for digital natives/Чудесно учење за дигитално одомаќинети ученици“ во Фуншал, Мадеира.

„Проектот е финансиран од Еразмус + програмата на Европската Унија, преку Националната агенција на Португалија. Во проектот, 8 партнерски организации од Босна и Херцеговина, Португалија, Австрија, Литванија, Романија, Турција и Северна Македонија ќе креираат стратегии и алатки за полесен пристап и користење на технологијата во основното образование, со посебен фокус на стратегии за дигитално одомаќинети ученици (digital natives), кои се веќе навикнати на користење на дигитални технологии. Координатор на проектот е училиштето EB1/PE do Monte од Фуншал (Португалија)“, информираат во Институтот.

На настанот во Мадеира присуствувале 32 учесници од 7 европски земји и промовирале различни иновативни методи во процесот на предавање и учење. Биле разгледани добрите образовни практики применувани во партнерските земји.

Најдобрите 25 образовни практики за дигитално учење ќе бидат дел од брошура.

На настанот биле анализирана работата на час, примената на дигитални алатки во наставата, вклучувајќи роботика и ИКТ, а се зборувало и за инклузивни активности за ученици со посебни образовни потреби.

Учесниците го посетиле и Директоратот за образование при Регионалниот секретаријат за образование, наука и технологија, каде што имале предавање за примената на инклузивни методологии за ученици со посебни потреби во образованието. Посетата на компанијата за иновации и дигитална технологија ACIN Group во Рибеира Брава, на учесниците им овозможила да се запознаат со сестраната примена на напредната дигитална технологија.

Новиот пристап во наставата и учењето ќе се применат во три основни училишта во Скопје, а најдобрите практики и методи, како и дигиталните алатки развиени за време на проектот, ќе бидат достапни за користење на сите основни училишта.

 

Протекоа повеќе од шеснаесет милијарди лозинки на корисниците на Ејпл, Фејсбук, Инстаграм и Гугл

Оваа сторија првично започна на 18 јуни каде што илјадници корисници на Ејпл, Фејсбук, Инстаграм и Гугл се пожалија дека имаат проблеми со нивните кориснички сметки. Но сега, бројката ескалираше драстично...

Лишен од слобода возач од тетовско кој управувал возило со брзина од 190 км/час, дупло од дозволеното

На 20.06.2025 во 10.51 часот на патот Гостивар - Тетово, кај клучка Камењане, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишиле од слобода Б.М.(29) од с.Пирок,...

Путин ги предупреди своите функционери да не дозволат рецесија

Рускиот претседател Владимир Путин ги предупреди своите функционери да се осигурат дека нивните напори за средување на економијата доведена до прегревање поради воените трошоци нема да претерат и да ја доведат...

Македонија набави турски хаубици БОРАН – прва испорака на ваков вид во Европа

Северна Македонија стана првата европска земја што ги добила турските влечни хаубици БОРАН со калибар од 105 мм, соопшти турското Министерство за одбрана, а пренесе militarnyi.com. „Честитки до сите што придонесоа за...

Протекоа повеќе од шеснаесет милијарди лозинки на корисниците на Ејпл, Фејсбук, Инстаграм и Гугл

Оваа сторија првично започна на 18 јуни каде што илјадници корисници на Ејпл, Фејсбук, Инстаграм и Гугл се пожалија дека имаат проблеми со нивните кориснички сметки. Но сега, бројката...