fbpx

Наставничка од скопски Чаир заболена од туберкулоза

-

Наставничка во ОУ „Васил Главинов“ во скопски Чаир е заболена од туберкулоза. Повеќе од две недели е хоспитализирана на институтот за белодробни заболувања. Од оваа здравствена установа за „Здравство 24“ (zdravstvo24.mk) велат дека пациентката е во стабилна состојба, добива соодветна терапија и дека лекувањето оди добро.

Случајот го вклучи алармот во училиштето. Во поликлиниката Бит-пазар досега биле тестирани околу 60 деца од осмо и од деветто одделение, кои имале контакт со наставничката, но и десетина нејзините колеги. Никој не е заразен. Негативни биле тестовите и на членовите на семејството на заболената. Во вторник превентивно ќе бидат прегледани и други ученици.

– Ова е редовна процедура, превентивно да се тестираат лица со кои контактирал заболен од туберкулоза. Кај нас досега се тестирани 60 ученици и 10 наставници, како и блиски роднини на заболената. Сите се негативни. Во наредниот периот ќе продолжиме со превентивните прегледи и ќе ја следиме состојбата во училиштето – изјави за „Здравство 24“ д-р Татјана Баевска-Вучковиќ, директорка на Здравствен дом Скопје.

Директорот на училиштето изјави дека нема простор за паника. Наставничката не заразила никого. Како превентивна мерка, денеска екипи од Центарот за јавно здравје во сите простории во „Васил Главинов“ направиле вонредна дезинфекција.

– Најдена е замена за наставничката по англиски јазик. Преземени се сите мерки. Направена е дезинфекција и нема простор за паника, нема заболени деца во училиштето – изјави Ќамуран Кучи, директор на ОУ „Васил Главинов”.

Туберкyлозата е заразна болест. Се пренесува преку близок или долготраен контакт со инфицирани лица или предмети. Бактериите може да се пренесат и со кивање, кашлање или зборување. Периодот на инкубација трае од четири до шест недели.

Ова заболување последните години во земјата има тренд на намалување. Лани имало 285 заболени, 38 помалку од 2013 година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...