Наши предлози за демоа за Сајберпанк и SF игри што можете да ги испробате и на GeForce Now

Chorus Demo скриншот од Steam

Ова се нашите предлози за демоa на игри што можат да се испробаат бесплатно и ако ви се допаднат можете да ги купите целосните игри. Тие можат да се најдат на Steam и Epic Games, но најбрзо може да се испробаат со “cloud gaming” на GeForce Now без да се губи време за инсталација.

Chorus Demo 

Оваа игра е прекрасен симулатор на летање со вселенски брод низ космосот. Главниот лик е девојка која е врзана органски со својот „летач“ којшто е како вселенски брод со своја свесна вештачка интелегенција.

Играта има неверојатни пејсажи на вселена и графиката е одлична, а самото маневрирање и летање и пукање со ласери, ракети и други оружја е слично како и во поголемиот број вакви игри- и како во секоја треба малку време да се навикнат убаво контролите -потоа станувате несопирливи во битките. 

Loopmanser Demo

Loopmanser е платформска динамична и забавна игра во сајберпанк сетинг каде главниот лик го преживува истиот ден. Кога ќе загине се буди во својот дом вратен во времето, но се сеќава на сè. Несомнено е дека инспирација за насловот на играта е книгата “Neuromanser” од Вилијам Гибсон. Но, има и други референци, на пример главниот лик е практикувач на боречки вештини и работи за детективска агенција и има жена и ќерка од кои ќерката загинува во несреќа, а жена му е парализирана. Познатиот стрип јунак Nathan Never е исто така детектив што работи за детективска агенција и што има жена и ќерка и во различни броеви и изданија од стриповите се збиднуваат различни судбини со семејството. И стриповите имаат делови со мултиверзуми и патување низ време. 

Добра претходна ваква игра е Deathloop каде исто се доживува еден ист ден. Во Loopmanser донекаде се менува приказната.

Ghostrunner Demo

Играта Ghostrunner е интересна и бара брзи рефлекси како и искуство со скокање по платформи од други игри. Се игра во прво лице како FPS само што користите катана за да ги елиминирате непријателите. Целта е да им се доближите што побрзо и да комбинирате напад со скокови. Најинтересниот дел од целата игра е сами да го наоѓате патот а играта „ви кажува“ каде треба следно да се продолжи и како – само треба добро да ги следите знаците. Повторно дејството се одвива во Сајберпанк град и самото име на играта “Ghostrunner” е можеби и инспирано од познатите “Blade Runner” филмови

Доколку уживате во Сајберпанк атмосфера оваа игра е доста добро сработена и многу ќе ви се допадне, особено поради тоа што бара “Skill” и може да ви преставува предизвик за играње.