fbpx

Народниот правобранител ќе ги испитува сите околности зошто Ембла била отфрлена

-

Народниот правобранител по сопствена иницијатива формира предмет и испрати тим во гостиварското училиште „Башкими“ за да го испита случајот во кој 11- годишната Ембла Адеми не била прифатена од родителите на учениците од класот во која била запишана, и била приморана наместо заедно со другите ученици, наставата да ја следи сама во посебна просторија, со нејзиниот асистент.

Според Народниот правобранител, недозволиво е овие ученици да бидат жртва на неподготвеноста на поединци да ги прифатат различностите и на истите да им биде отежнат пристапот до образовниот процес, кој со Устав и со закон им е гарантиран на сите подеднакво, без елементи на каква било дискриминација.

Како што се наведува во соопштението на Народниот правобранител, случајот со Ембла покажува голема незрелост на општеството, кое ни оддалеку не е подготвено во пракса да ја имплементира домашната и меѓународната регулатива која се однесува на инклузивноста на овие лица во секојдневниот живот.

Според Народниот правобранител, недозволиво е овие ученици да бидат жртва на неподготвеноста на поединци да ги прифатат различностите и на истите да им биде отежнат пристапот до образовниот процес, кој со Устав и со закон им е гарантиран на сите подеднакво, без елементи на каква било дискриминација.

Народниот правобранител ги охрабрува родителите за ваквите случаи да не молчат, туку да се обратат до институциите, со цел навремена заштита на правата на нивните деца гарантирани со законите.

Ембла Адеми, која има Даунов синдром, на првиот ден од второто полугодие не беше во можност да учи зашто родители на други деца ја бојкотирале наставата, бидејќи не сакале нивните деца да учат со неа. Тие покренале петиција во која напишале дека одлуката да не ги пуштаат своите деца на настава ја донеле „поради попречување на наставата од страна на ученичката Ембла Адеми и поради агресивност“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...