fbpx

Народниот правобранител бара социјалните центри да примаат документи без комисиски извештај

-

Граѓаните кои користат разни социјални услуги, меѓу кои и правото на паричен надомест за помош и нега од друго лице, не можат да си ги остварат овие права поради административни пречки во актуелната ситуација на ковид пандемија, посочуваат од канцеларијата на Народниот правобранител на РСМ.

Документите кои се доставуваат во Центарот за социјална работа во Скопје и во општинските одделенија не се примаат бидејќи во нив нема лекарско конзилијарно мислење. А, тоа граѓаните не можеле да го обезбедат бидејќи немало слободни термини кај специјалистите, кои се закажуваат преку матичните лекари. Објаснувањето било дека поради пандемијата со ковид-19 лекарите се презафатени.

Поради оваа ситуација која трае подолго време, поголема група на граѓани доставиле претставки до Народниот правобранител. Од таму ги повикуваат институциите да преземат мерки заради заштита на социјалните, законски права на корисниците на социјална помош за нега од друго лице.

„Поднесовме информација до двете одговорни институции, Министерството за труд и социјална политика и Министерството за здравство, со која бараме да им укажат на општинските социјални центри за ситуацијата и да им наложат на службените лица да ги примаат документите без конзилијарно мислење. Тие се должни тоа да го направат“, рече на прес конференција Драги Целески, државен советник во канцеларијата на Народниот правобранител.

Додаде дека министерствата можат да достават известувања во електронска форма до центрите за социјална работа со што ќе се поедностават и скратат процедурите за одобрување на паричната помош за граѓаните.

Според Законот за здравствена заштита од март 2019 година, од почетокот на 2020 година почнаа со работа 15 комисии за здравство, од кои 5 се во Скопје.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

На свадба пукал со автоматска пушка, го пренесувале на Фејсбук

СВР Велес - Отсек за недозволена трговија со дрога и оружје поднел кривична пријава против Б.Д.(24) од селото Долно Јаболчиште во општина Чашка, поради постоење основи на сомнение за...