fbpx

Народната банка регистрира забрзан пораст на цените на становите во Скопје

-

Во последните три месеци од минатата година стапката на пораст на цените на становите изнесува 3,6 отсто, што претставува умерено забрзување во споредба со претходното тримесечје, покажуваат податоците на Народната банка објавени во најновиот квартален извештај.

„Од аспект на понудата, вредноста на изградените станбени згради забележа пад во третиот квартал од годината, а намалување се забележува и кај вредноста на издадените одобренија за изградба на станбени згради. Од аспект на побарувачката и во четвртиот квартал на 2019 година побарувачката на станови беше поддржана од порастот на станбените кредити, иако во текот на 2019 година се забележува умерено забавување на порастот“, велат од Народна банка.

Од Народната банка објаснуваат дека таканаречениот хедонички индекс со кој се пресметува движењето на цените на становите е изготвен од страна на банката врз база на огласите за продажба во главниот град, а објавени од агенциите коишто се занимаваат со промет со недвижности.

Цената на станот е функција од големината, населбата во која се наоѓа, катот, дали станот има централно парно греење и дали станот е нов.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...